Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Орав: Ако треба ќе помогнеме околу специјалниот обвинител

0
By Нова ТВ on July 29, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 29, 2015 18:53

Евроамбасадорот Аиво Орав, во интервју за МТВ рече дека најкритични прашања од политичкиот договор се именувањата на специјалниот јавен обвинител и првиот човек на МВР.

Тој воедно ги повика уредниците и новинарите во МТВ, да се ослободат од автоцензурата и да известуваат независно, забележувајќи претходно дека медиумите добиле многу критики во извештајот на ЕК, но повеќето медиуми за тоа не сакале да известуваат.

– Медиумите и судството добија доста критички забелешки во минатогодишниот Извештај за напредокот. Но, интересно е тоа што повеќето медиуми во земјава не сакаа да известат за тие критики во Извештајот за напредокот. Во земјава, правилата се добри, законите се совршени, прашањето е спроведувањето. Во случајов, Владата може да покаже дека се грижи за вредностите на ЕУ. Дадовме листа препораки и тие треба да се спроведат. Но слободата на медиумите почнува од новинарите, од уредниците. Ако постои самоцензура, како може да има професионално новинарство? МРТ е клучното прашање, бидејќи сте финансирани од плаќачите на данок, а тие очекуваат од вас независно и професионално известување, рече Орав во интервјуто за МТВ.

Околу преговорите за политичката криза тој оцени дека се изгуби значајно време за земјава, но дека се надева дека со договорот земјата ќе се врати на својот евроатлантски пат.

Според Орав има многу критични прашања во договорот што партиите може да ги протолкуваат на различни начини, при што едно од нив е специјалниот обвинител.

– Специјалниот обвинител со целосна автономија треба да биде назначен до 15.септември. Се надевам дека партиите ќе најдат решение самите, но ако има потреба, можеме да помогнеме повторно. Второ критично прашање е датумот 20.октомври, кога треба да бидат назначени двајца нови министри и петмина заменици-министри. Најкритично е изгледа Министерството за внатрешни работи, рече европскиот амбасадор.

Тој смета дека сега е можност Владата заедно со опозицијата и со граѓанското општество да ги спроведе реформите.

– Прво, договорот треба да биде спроведен 100 отсто, второ, треба да бидат спроведени сите реформи, рече меѓу другото Орав.

На прашањето дали конечно Македонија може да се надева на датум за преговори, Орав одговори дека рокот за подготовка на извештајот за прогресот на Македонија е 1.септември, но дека, за жал, годинава нема многу позитивно во оваа фаза.

– По многу години гледаме дека четворицата лидери дојдоа и седнаа на иста маса, но тоа беше со помош на ЕУ и на САД во оваа фаза. Има само месец и неколку дена да се подготват и спроведат реформите. Доставивме листа препораки и се надевам дека август ќе биде искористен ефикасно“, порача евроамбасадорот Аиво Орав.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.