Тоа што рековте, дека нема соговорник за името на другата страна, можам само да ве охрабрам да го најдете тој соговорник на другата страна и доколку некој изјавува дека не може ништо да се направи, мислам дека тоа e едноставно неконструктивно, вели евроамбасадорот Аиво Орав во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Орав во интервјуто изјавува дека е важно што имало дијалог на релација Влада-медиуми, иако самата ЕУ и не го барала Законот за медиуми.
-ЕУ беше многу заинтересирана и им помогна на новинарите и на земјата да ги надминат разликите околу декриминализација на клеветата. И го поздравивме тоа. Сега внимателно следиме како ќе се одвива имплементацијата на овој закон. Законите за медиуми околу кои постоеја долги консултации и се обрна големо внимание, но треба да се разјасни дека ЕУ не ги бараше овие закони, тоа е работа на земјата да ги има или да ги нема овие закони.
Тоа што е важно за нас е дека имаше дијалог меѓу Владата и новинарите, затоа што бидејќи тоа беше дел од договорот од 1 март, а ЕУ е дел од овој договор. Нотиравме дека имаше дијалог и дека беа прифатени последните амандманите заедно меѓу владата и новинарите. Се надевам дека овој дијалог ќе продолжи и тоа го порачавме во заедничката изјава заедно со американскиот амбасадор пред неколку недели, изјавува амбасадорот Орав.




