Евроамбасадорот Аиво Орав е оптимист дека преговорите за медиумите ќе продолжат. Според него, постојат отворени канали на комуникација меѓу партиите и во моментот се разгледува на кој начин ќе се реши прашањето.
– Мислам дека преговорите продолжуваат и тоа не значи дека сите политички партии и меѓународниот фактор стојат на истата страна. Разговараме и разгледуваме како да го решиме ова прашање. Знам дека политичките партии комуницираат меѓу себе и искрено се надевам дека ќе можат да најдат начин како целосно да ги спроведат сите елементи од Договорот од Пржино, изјави евроамбасадорот Орав.
Претходно Орав на својот твитер-профил ја спомена саморегулацијата на медиумите, односно дека медиумите сами треба да најдат начин како да си ја средат сферата во која работат.




