Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Орбан: Го бранам европското христијанство од муслиманскиот прилив

0
By Нова ТВ on September 3, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 3, 2015 15:03

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, вели Европа е пред хаос поради имиграцијата на бегалци, и потенцираше дека тој го бранел „европското христијанство од муслиманскиот прилив“.

Орбан за германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, пред да се соочи со предизвикот да ги брани своите радикални политики пред европските лидери, во време кога Европа се соочува со најголемата бегалска криза после Втората светска војна, рече дека Европската унија немала прецизна политика за мигрантите.

– Се што се случува во моментов, се заканува со експлозивни последици за цела Европа. Одговорот на Европа е лудило. Мораме да признаеме дека со тоа што Европската унија ја промаши политиката, дојдовме до оваа ситуација. Неодговорноста е одлика на секој европски политичар кој им ветува подобар живот на мигрантите и ги охрабрува да напуштат се и да ги ризикуваат животите во Европа. Ако Европа не се врати на здравиот разум, ќе се најде себе си во битка за сопствената судбина, вели Орбан.


Виктор Орбан, премиер на Унгарија

На прес конферција во Европскиот парламент Орбан денска рече дека цела Европа е во страв поради неспособноста на европските лидери.

Во меѓувреме, Германија, Франција и Италија бараат ревизија на процедурите за барање азил во Европа, бидејќи потфрлаат обидите да се надмине кризата.

Спикерот во Европскиот парламент, Мартин Шулц, по средбата со Орбан, изјави дека Шенген договорот бил под закана, а дека во прашање била и длабока поделба на Европската унија потенцирајќи дека Европа треба да ја сочува солидарноста како вредност и да договори правична распредалба на бегалците во земјите членки на ЕУ.


Мартин Шулц, спикер во Европскиот парламент

Сепак, Орбан стои на ставот дека бегалците не се негов проблем туку главно на Германија.
– Ова не е проблем на Европа, ова е проблем на Германија. Сите тие сакаат да одат таму, изјави Орбан во Брисел.

Тој е дециден дека квотите околу кои се преговара во Европската унија, за тоа која земја колку мигранти треба да прифати, не е одговор бидејќи тоа претставувало покана за мигрантите.

– Квотите се покана за тие кои сакаат да дојдат. Морално е да им дадеме до знаење, „Ве молиме не доаѓајте“, вели Орбан.

Неговата политика, односно бодликавата жица на јужната граница со Србија, Орбан рече дека ја подигнал за да ги брани надворешните граници на Шенген-зоната. Според него не се работи за бегалска криза, туку за масовна миграција.

– Оние кои пристигнуваат се израснати во друга религија, и претставуваат радикално различна култура. Повеќето од нив не се христијани, туку муслимани. Ова е важно прашање, бидејќи Европа и европскиот идентитет потекнува од христијанството. Нели е загрижувачко тоа што самата Европа се бори да го задржи европскиот христијанин? Нема алтернатива, и немаме друга опција освен да си ги браниме нашите граници, објаснува унгарскиот премиер.

Од друга страна германската канцеларка Ангела Меркел неодамна отворено рече дека Европа ги ризикува сопствените темелни вредности какви што се универзлканите човекови права. доколку не одговори соодветно на прашањето со бегалците.


Ангела Меркел, германската канцеларка чија земја е најпосакуваната дестинација за бегалците од воените жаришта

Таа соопшти дека сите бегалци од Сирија ќе можат да бараат азил во Германија, еднострано, и тоа со право, без т.н даблински процедури, според кои луѓето мора да побараат азил во првата членка на ЕУ во која ќе пристигнат.

Во говорот таа ја потсети Европа дека е изградена на вредности, помеѓу нив и императивот „никогаш да не се повтори“, кој произлегува од 30-тите години и страдањата на бегалците Евреи во Германија и Австрија.

И францускиот премиер Мануел Валс е против ставовите на Виктор Орбан. За потребите на Европската унија дека мора да дејствува, тој на Твитер ја сподели фотографијата која го заобиколи светот, од починатото сиријско момче.

– Имаше име: Ајлан Курди. Мора да реагираме. Потребна е мобилизација на Европа, порача Валс.

Унгарските власти неодамна ја затворија меѓународната железничка станица во Будимпешта “на неопределено време“а властите побараа секој да ја напушти станицата, откако стотици мигранти сакаа да се качат на возовите кои водат кон Австрија и Германија.
Полицајците тогаш ги потиснаа луѓето надвор од возовите.

Денеска, по два дена протести, тие ја отворија станицата но нивните надежи беа целосно скршени, по објавата на унгарската железница, дека ниеден воз, поради безбедносни причини, нема да се упати кон Западна Европа.


Заедничката прес-конференција на Виктор Орбан и Мартин Шулц за мигрантите

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.