На почетокот на ноември, Бранко Црвенковски ќе биде уапсен. Ова сензационалистичко тврдење денеска го изнесе Сашо Орданоски, претседател на Транспарентност Македонија, кој презентираше анализа на тема „Социјалдемократијата и растот на популистичката десница во организација“ на Инстутотот „Прогрес“ и поддржано од фондациите „Фридрих Еберт“ и „Улоф Палме“.
Тој наведе дека Црвенковски ќе биде дел од продолжението на полициската акција „Шпион“, а неговото апсење кај социјалдемократите ќе предизвика голема дилема дали да го бранат или да се откажат од него, објавува Телма ТВ.
Орданоски тврди дека напролет, со претседателските, ќе има и вонредни парламентарни избори, а однесувањето на СДСМ во однос на апсењето на Црвенковски ќе влијае на резултатите на изборите, каде, според него, ќе се гласа „за или против предавниците“.




