Published: Saturday, May 9, 2015 22:01
Недопустливо е отсуството на државниот врв во најтешкиот ден за Р. Македонија по конфликтот во 2001-та, рече новинарот Сашо Ордановски за 24Анализа.
„Каде е премиерот Груевски кој го нема 12 часа, каде е министерката за Внатрешни работи Гордана Јанкуловска или министерот за одбрана Јолевски, да објаснат што се случува во Куманово. Мене сето ова што се случува во Куманово ми изгледа дека станува збор за платеници, за луѓе платени од некој на кој му одговара да се промени тематиката, а кој е тој наскоро ќе се дознае. Ваквата ситуација најмногу му одговара на Груевски “рече Ордановски за 24 Анализа.




