Published: Thursday, December 5, 2013 08:40
Претседателот на Владата на Унгарија Виктор Орбан, кој денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, на свечена церемонија ќе биде одликуван со орден „8 Септември“ од претседателот на РМ, Ѓорге Иванов.
Во соопштението од кабинетот на претседателот се вели дека орденот на Орбан му се доделува за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Македонија и Унгарија, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија.
Најавено е дека унгарскиот премиер ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.




