Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Организаторите на „Парада на гордоста“ бараат од Обвинителството енергична борба против говорот на омраза

0
By Нова ТВ on July 1, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Организаторите на „Парадата на гордоста“ јавно се заблагодарија на МВР за соработката за организацијата на овој настан, а од Јавното обвинителство бараат „поенергична борба“ против говорот на омраза.
„Во саботата се одржа првата парада на гордоста во Скопје, во прекрасна атмосфера и со бројност која ги надмина нашите очекувања. Како одговор на големиот бран омраза кој го посведочивме во изминатиот период, повеќе од илјада луѓе излегоа на скопските улици за да ја дадат својата поддршка против насилството, стигматизацијата и неприфаќањето на ЛГБТИ луѓето. На припадничките и припадниците на домашната ЛГБТИ заедница им се придружија многу граѓани, јавни личности, активисти од целиот регион, претставници на Собранието и Владата на Република Северна Македонија, амбасади и меѓународни организации за човекови права. Маршот започна од паркот Жена Борец, а крајната дестинација беше во Градскиот Парк.
Во оваа прилика би сакале да му оддадеме јавно признание на Министерството за внатрешни работи за одличната соработка пред и во текот на одржувањето на Скопје Прајд и за професионално извршената работа. МВР доследно ја спроведе својата превентивна улога во текот на настанот, без притоа да го наруши чувството на сигурност кај учесниците.
Исто така, полицијата успешно спречила обид за напад врз активист во приградска населба во Скопје, по завршувањето на Скопје Прајд. Го охрабруваме министерството да продолжи да го следи говорот на омраза и соодветно да постапува. А посебен апел упатуваме до Јавното обвинителство, од кое очекуваме поенергична борба против овој феномен кој продуцира и насилство“ соопштуваат организаторите.
На Школка во Градскиот парк зборуваа Кочо Андоновски и Биљана Гинова од ЛГБТИ Центарот за поддршка, Елена Петровска од ХЕРА, Антонио Михајлов од Субверзивен Фронт, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и координаторката на интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ лицата, Маја Морачанин.
Првиот скопски Прајд доби широка поддршка од регионот, изразена во говорите на: Џени Карај-Тирана Прајд, Марко Михаиловиќ- Белград Прајд, Јасмина Кресојевиќ- Фем Слем Белград, Апостолис Карабаирис и Феврониа Киркмали од Солун Прајд и Рафиаил Билидас- Атина Прајд.
Парада на гордоста
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.