Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Орка Холдинг: Инспекторите потврдија дека нема ништо спорно

0
By Нова ТВ on December 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од „Орка Холдинг“ ги демантираат денешните информации за полициска акција во фирмата „Монт“ што се поврзува со Орце Камчев, кој планирано е утре да сведочи во случајот „Рекет“. Преку соопштение од компанијата велат дека не станува збор за полициска акција, туку за контрола од страна на двајца инспектори од МВР, на кои им се доставени потребните документи. Тие, како што велат, потврдиле дека нема ништо спорно во работењето на компанијата.

Извори од истрагата, претходно информираа дека под контрола се три фирми – „Монт“ и „Полиестердеј“ и една шпанска фирма, а во врска со долг од околу 400.000 евра за финансирањето на политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори од април и мај годинава. Според официјалните податоци од Државниот завод за ревизија, ВМРО-ДПМНЕ во септември ја затвора сметката со неплатени 442 илјади евра, иако имала долг кон фирми кои печател маици за кампањата на претседателскиот кандидат на опозицијата, професорката Гордана Силјановска – Давкова.

Фото: civilmedia.mk

Од „Орха Холдинг“ демантираат дека биле вклучени во претседателската кампања и дека имаат било каква поврзаност со компанијата „Полиестердеј“.

„Ние ја поздравуваме инспекцијата затоа што тоа е во насока конечно да се расчисти политичката и медиумска хајка што се води против приватните компании во Македонија. Ваквата непрофесионалност и едностраност е против интересите на коректно и правилно информирање на јавноста, а извршува директна штета врз угледот на приватните компании. Сакаме уште еднаш да демантираме дека ниту компанијата „Монт“, ниту „Орка Холдинг“ на било каков начин имаат учествувано во предизборната кампања на г-ѓа Силјановска на претходните претседателски избори. Маиците од компанијата „Монт“ која работи во областа на текстилната индустрија беа нарачани и набавени единствено на страната на „Полиестердеј“, компанија со која ние имаме долгогодишна соработка, а која во случајот е наш должник и станува збор за долг за кој веќе имаме испратено опомена пред тужба до должникот. Со понатамошните активности на „Полиестердеј“, по набавката на маиците не сме никако поврзани ниту навлегуваме во истото. Изнесувањето на информациите во јавноста на овој начин е пример за класична инсинуација, нешто со кое се прават обиди во јавноста да се наруши угледот и името на нашите брендови“, се вели во демантот.

Со став излегоа и од политичката партијата ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вели дека има нервоза кај власта поради случајот „Рекет“ и се обидуваат да спинуваат.

„Владата е нервозна во врска со случајот „Рекет“ и нашите сознанија говорат дека навистина има и зошто да биде нервозна. Владата ќе има реакции за да спинува или за да влијае на кои било потенцијални сведоци кои би можеле да разоткријат нешто дополнително во аферата“, рече Милошоски одговарајќи на новинарско прашање.

Фото: tocka.com.mk

Од владејачката партија СДСМ, пак, повикувајќи се на ревизорските извештаи, велат дека се работи за долг на опозицијата за кампањата на нивната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова, на сметка која е затворена, што е спротивно на законот.

„Согласно Изборниот законик (член 71) сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка. Долгот на ВМРО-ДПМНЕ од 400.000 евра останал, а сметката за оваа кампања е веќе затворена. Значи веќе нема законска основа за покривање наовој огромен долг. Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ и потписникот на сметката за овие избори, генералниот секретар Игор Јанушев, не го почитувале Изборниот законик“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

инспекција Орка Холдинг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.