Меѓу 80 и 100 оризопроизводители со 12 земјоделски машини претпладнево во 10:15 ја блокираа сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани, кај село Облешево, информира АМСМ.

Поради тоа, како што додаваат од Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива наизменично.