Ортопедски помагала без да платат партиципација овој месец ќе добијат членовите на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет “Мобилност Македонија“ или на некое друго слично здружение, најавија од Центарот за ортотика и протетика „Славеј“.
Акцијата се спроведува по повод 3 декември Светскиот ден на лицата со инвалидитет. За да може да се земе ортопедско помагало без партиципација, потребно е да се достави потврда заверена во месец декември и членска книшка од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет.
-Утре 3 декември се одбележува Светскиот ден на лицата со телесен инвалидитет, чија точна бројка во Македонија не се знае.Со цел да излеземе во пресрет на овие лица, за да си го зачуваат своето достоинство, за да ги добијат своите права и благосостојба го прогласуваме декември за месец без партиципација. Членовите од здруженијата ќе бидат услужени со дел од широкиот дијапазон на ортопедски помагала се вели во соопштението на Центарот „Славеј“.




