Орце Камчев, еден од обвинетите во случајот „Плацеви на Водно“ вчера во 13 часот се појавил на прегледи кај др. Васко Василевски во приватната болница „Аџибадем Систина“ каде имал закажано гастроскопија и колоноскопија, дознава НоваТВ. Дозвола за излегување од затворот „Скопје“, каде Камчев е во притвор, добил од судијата во случајот „ Плацеви на Водно“  Илија Трпков, откако до него стигнал дописот од затворскиот лекар со назнака ИТНО, кај кого Камчев се обратил ден претходно за преглед, поради  болки во стомакот.

На Камчев кој инаку е дел од бордот директори на „Аџибадем Систина“, откако ги поминал вчерашните прегледи на одделението за гастроентерохепатологија, му била предложена хоспитализација.

(М.Т)