Бројот на милијардери изминатите пет години е удвоен а мнозинството популација во светот осиромашува како последица на финансиски и економски кризи, проценува британската хуманитарна организација Оксфам.
Во март оваа година во светот се евидентирани 1.645 милијардери што е двојно повеќе од 2009 година кога нивниот број бил 793.
Најбогат останува мексиканскиот бизнисмен Карло Слим со 80 милијарди долари, зад него е Бил Гејтс со 79, а следуваат основачот на шпанскиот бренд Армансио Ортега со 63 милијарди, американскиот инвеститор Ворен Бафет и првиот човек на Лери Елисон со 50 милијарди долари.
Оксфам пресметал дека кога би трошеле по милион долари дневно, на Слим ќе му бидат потребни 220 години, на Гејтс 218, на Ортега 172, на Бафет 169, а на Елисон 137 години.
Оксфам претходно објави дека 85-те најбогати луѓе во светот имаат пари колку половина од глобалната популација, предупредувајќи оти продлабочувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните може да има големи последици врз иднината на човештвото.
Околу 80 проценти од луѓето во светот живеат со помалку од 10 долари дневно, а 40 отсто од глобалната популација поседува само 5 проценти од светскиот приход.