Црквите и понатаму се лесна мета за крадците – при последниот грабеж синоќа од храмот „Св.Петка“ во Мирковци одземени се само 30 денари.
Како што соопштува МВР „сторителот на тешка кражба насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување од пултот за продажба на свеќи ги одзел парите и ја напуштил црквата“. МВР трага по сторителот.
Само пред два дена од црквата „Св.Спас“, штипско и од „Свети Атанасиј летен“, дебарско беа ограбени 2.700 денари.