Засега непознати сторители оскврнавиле два православни храма во Македонија.
Едната црква е „Св.Спас“ лоцирана во село Карбинци, штипско, а другото „Свети Атанасиј летен“ која се наоѓа во горното мало на селото Рајчица на 1,5 км од Дебар.
Од првата црква, која е ограбена синоќа одземени се 1.500 денари, а деновиве од дебарската црква биле одземени 1.200 денари.
Украдените пари се од продажба на свеќи и други црковни предмети, МВР трага по сторителите.
Претходно, вандали ги осквернавеа црквите „Свети Димитрија“ во селото Броштица, црквата „Успение на Пресвета Света Богордица“ во Дебар од каде однесоа триесеттина вредни икони, како и црквите во селата Долно Мелничани, Тресонче и Лазарополе.

