Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Албанците покажаа подготвеност за одговорност за иднината на Македонија

0
By Нова ТВ on April 17, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 17, 2014 15:29

ДУИ изрази благодарност до Албанците за прифакањето на повикот „Не за едностран претседател“.

– Плебисцитарното НЕ на Албанците на 13 април беше надпартиски став, со кој тие покажаа голема свест за времето во кое се наоѓа земјата и предизвиците со кои се очекува да се соочи, изјави пред новинарите Бујар Османи од ДУИ.

Според него, кога на 13-ти рекоа НЕ за едностран претседател, Албанците не биле против никого во земјата, туку само покажале подготвеност да преземат одговорност за денешницата и за иднината на оваа земја.

– ДУИ цени дека нашиот став уште еднаш беше реафирмиран за одлучувачката сила на нашиот народ како државотворен народ во мултиетничката Македонија. Ние денес, само неколку дена по првиот изборен круг, сме горди дека ова плебисцитарно изјаснување ги сензибилизираше нашите сограѓани Македонци, вели Османи.

Османи надополнува дека Заев и Груевски покажале дека кај македонскиот политички камп секој ден се зголемува свеста дека математиката на бројките и мултиетничката политика не одат заедно.

ДУИ цени дека со појавувањето на лидерот на СДСМ пред неколку дена, кога побарал гласови од албанските граѓани е чекор напред, но недоволен за да се сфати правилно и прецизно идеата за консензуален претседател кој ја промовира партијата.

Кога Груевски ги афирмирал постигнувањата на Владата пред Албанците, секако било чекор напред, но недоволен. Постигнувањата кои ги афирмирал претседателот на Владата, Османи вели, се постигнувања кои се реализирани како резултат на спојување на две програми, на програмата на ДУИ и таа на ВМРО-ДПМНЕ во единствена владина програма.

ДУИ цени дека ќе биде многу разочарувачки ако тврдењата на македонските политички лидери имаат за цел да ги убедат Албанците дека тие се грижат повеќе за нив отколку самите тие или нивните политички претставници.

За Демократската унија за интеграција неприфатливи се тенденциите за воспоставување супремација во одлучување на една заедница во однос на другите заедници.

За ДУИ, право да ги презентира и брани интересите на еден народ има само субјектот кој го добил легитимитетот од народот а не оној кој има мнозинство гласови од друга заедница.

– Ние силно веруваме дека моќта на одлучување од 13 април ќе се одрази позитивно во подигањето на свеста кај македонските политички лидери за улогата на Албанците во нашата заедничка држава, надополни Бујар Османи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.