Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи – Ауреску: ЕУ-членството е најдобра гаранција за растечките закани

0
By Ана Василевска on February 8, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска телефонски разговарал со шефот на романската дипломатија Богдан Ауреску.

Во фокусот на разговорот биле билатералните односи и соработка меѓу двете држави, пристапниот процес за членство на Северна Македонија во ЕУ и романската поддршка во тој контекст.

„Романија во континуитет дава цврста поддршка на заокружувањето на европската агенда на Северна Македонија и останатите земји од Западен Балкан, како едно од клучните приоритети на својата надворешна политика“, изјавил Османи за време на разговорот, подвлекувајќи ја важноста на што поскоро завршување на тој процес, како најдобра гаранција за растечките закани по европскиот континент.

Како што се наведува во соопштението од МНР, беше нагласено дека руската агресија длабоко ги променила геополитичките околности, а со тоа и потребата од суштинска координација во рамките на регионалните и меѓународни механизми на соработка.

Соговорниците размениле мислења за тековните активности и приоритетите на Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ, САД-Јадранската повелба, како и претстојното претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, кое започнува во јули, и каде членува и Романија.

Министрите разговарале и за начините како да се унапреди економската соработка, која заостанува во однос на многу добрите политички односи. Минатата година Романија била 13-ти најголем трговски партнер на Северна Македонија.

Богдан Ауреску Бујар Османи ЕУ- Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.