Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Бучковски е додатна вредност во нашите преговори со Бугарија

0
By Нова ТВ on December 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 2, 2020 15:18

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги наведе денес причините поради кои е донесена одлуката екс премиерот Владо Бучковски да биде именуван за специјален преставник за спорот со Бугарија.

-Не назначуваме техничко лице туку поранешен премиер кој во минатиот период има остварено значаен придонес во подобрувањето на односите меѓу двете земји и е добар познавач на состојбата. Со неговото пополнување се пополнува и дипломатската празнина бидејќи во моментов немаме таму назначено амбасадор на Македонија, рече Османи.

Додека зборуваше Османи зградата ја затресе силниот земјотрес, како симболика за стресот од најновата фаза на бугарско-македонските односи. Но, тоа не го помрдна новоименуваниот специјален преставник, Бучковски. Тој пред се изрази задоволство што следната година ќе соработува со министерот Османи во напорите да се најде решение што ќе ги одблокира европските интеграции на Македонија.

-Јас се надевам дека моето именување ќе бидам јасен сигнал за посветеноста на нашата влада за исполнувањето на Догодворот од 2017 година. Убеден сум дека можеме да стигнеме до решение кое и ќе го одблокира процесот и ќе биде во духот на европските вредности со целосно почитување на нашето достоинство, рече општо Бучковски, без да навлегува во деталји во интерес на преговорите

Околу забелешката до Бучковски дека има едногодишен мандат а ние имаме една недела за решавање на спорот до министерскиот состанок на ЕУ, Османи рече дека Договорот од 2017 беше пресвртница во билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија и беше формула за успех за надминување на разликите што не можеа да се надминат со години, така што намерата сега е да се врати во него довербата. Според Османи именувањето на Бучковски може да биде дополнителен импулс и механизам во враќањето на довербата во Софија дека нашата владата е посветена на надминување на разликите што постојат.

Тој не ги коментираше ставовите на опозицијата за кредибилноста на Бучковски како специјален преставник за Бугарија  туку само рече дека тој е „сериозна додадена вредност“ во враќањето на довебата во процесот.

Бучковски од своја страна напомена дека во објаснувачкиот меморандум пто Бугарија го дистрибуираше до земјите членки на ЕУ  биле споменати само тој, Денко Малески и Љупчо Георгиевски како личности кои реално работеле на подобрување на односите, што звучеше како Македонија да и ги исполнува желбите на Софија, поточно и испраќа олеснувачи по нејзин вкус.

Според Бучковски пропустот бил бо тоа што фокусот бил целосно свртен на Историската комисија, додека биле запоставени другите аспекти на Договорот од 2017 година, како заедничките инфраструктурни проекти, соработката во образовнието,  културата и  медиумите кои се  голем пердизвик.

-До последен момент треба да се бориме да се изнајде решение. Ние мора да имаме дијагнози за состојбите кај нас, кои беа очекувањата пред ветото и кои се механизмите што сега ни стојат на располагање, рече Бучковски околу дилемите дека за краток рок може да дојде до одблокирање на процесот.

-Убеден сум дека ќе најдеме решение, но не за седум дена. Но, ние сме на вистинскиот пат. Нема да прифатам со нашите бугарски пријатели да ги праќаме пораките по медиуми. Има инструменти, со договорот, ако е користеа досега немаше да дојдеме до оваа криза. Имаме сериозни аргументи за говорот на омраза кои се испорачани на другата страа и ги очекуваме реакциите. Кога се молчи подобро се доаѓа до посакуваното решение, рече Бучковски на забелешките дека јавноста се дрѓи далеку од тоа што навистина се договара со Бугарија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.