Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Бугарија не може да постави нови услови, преговарачката рамка е затворена

0
By Ана Василевска on June 15, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Бујар Османи
Бујар Османи
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарија не може да постави нови услови, бидејќи преговарачката рамка е затворена. Таа не може да се отвори ниту на барање на нашата опозиција, ниту на барање на бугарската опозиција, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција на првиот ден од третото издание на Преспа форумот за дијалог, во врска со делот од германската резолуцијата, во кој има повик Бугарија да се воздржи од поставување нови услови за евроинтеграциите на Северна Македонија.

„Да ја затвориме темата, дека утре може некоја бугарска Влада да каже имаме нов услов. Нема нов услов. Преговарачката рамка е затворена. Во преговарачката рамка има три патокази. Во едниот од патоказите има Акциски план за малцинствата, тоа е единствениот услов, којшто е влезен во бенчмарковите за отворање и затворање на поглавјата. Тој Акциски план не се однесува само на бугарската заедница, туку се однесува на сите заедници во државата. И се разбира тука ќе треба да се исполнат сите тие услови по однос на подеднакви права на сите граѓани независно од етничката припадност“, истакна Османи.

Тој потсети дека во Преговарачката рамка се и Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, во генералниот дел, каде се проценуваат добрососедските односи, а не во делот на патоказите. Османи се надева на зајакнување на дијалогот со Бугарија и оти односите ќе бидат конструктивни. –

„Се надеваме дека ќе изградиме односи, во кои добрата волја ќе го води процесот, во кои ќе создадеме разбирање еден за друг, почит еден за друг и дека двете страни нема да бидеме со калкулатор в рака и да проценуваме, кој што направил од договорите. Јас се надевам на таков однос со Бугарија“, рече Османи.

Шефот на дипломатијата изјави и дека со новата бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел договориле мошне брзо да имаат средба во Скопје или во Софија. Османи во однос на тоа дали на Преспа форумот оваа година има високи претставници на Бугарија и на Грција посочи дека тој ја поканил бугарската министерка да присуствува, но оти таа побарала од него да има разбирање, бидејќи штотуку стапила на функцијата, па се договориле да се сретнат во најскоро можно време.

На овогодишниот Преспа форум, со кој се одбележуваат и пет години од потпишувањето на Преспанскиот договор, како што рече Османи, има претставник од бугарското МНР, а од страна на Грција, која како што рече е во изборен процес, присуствува директорот на грчкото МНР. Во однос на присуството на високи претставници на ЕУ, Османи рече дека преку видео порака ќе се обрати претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, а во Струга лично се присутни други високи претставници на Унијата.

Во однос на уставните измени тој нагласи дека во моментов работат на две паралелни патеки – едната е со опозицијата во целина, другата е со пратениците во Собранието. За тоа до кога и дале рок на опозицијата да размисли во однос на уставните измени, Османи истакна дека се до првото гласање во Собранието отворен е простор за договор со опозицијата. Министерот за надворешни работи истакна дека самиот процес на измена на Уставот има конкретни рокови и процедури и нагласи дека шанса за договор со опозицијата постои до моментот кога ќе дојде на ред првото гласање.

„ До денот кога на пленарна седница ќе ги има првото гласање отворени се опциите за да има договор со опозицијата во однос на уставните измени, вклучувајќи го и планот од три точки, кој го претставив вчера. Се надевам дека во наредниот период драфтот ќе биде препратен од Владата до Собранието и тука ќе почне одбројувањето на роковите“, рече Османи.

Бујар Османи Македонија-Бигарија Преспа Форум Дијалог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.