Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претставени првите четири економски советници – заминуваат за Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

0
By Нова ТВ on April 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 17, 2021 11:36

Илија Псалтиров во Варшава, Абдилџемил Саити во Минхен, Сузана Тунева во Анкара и Бекри Ајдини во Абу Даби, се првите четири економски советници, кои ќе бидат упатени во амбасадите во овие четири дестинации за да ги имплементираат економските политики, кои се подготвуваат за секоја земја и регион посебно.

Ова денеска го соопшти шефот на дипломатијата Бујар Османи на прес-конференција на која гo претстави првиот дел од пилот проектот за идните економски советници на МНР на Република Северна Македонија и планираните активности во врска со економската дипломатија.

Амбасадорот Илија Псалтиров, доктор по економски од Варшава, освен Полска, во рамките на економските активности ќе ги покрива и останатите земји од групата Вишеград – Чешка, Словачка и Унгарија.

Абдилџемил Саити, германистика, ќе замине во Конзулатот во Минхен, од каде ќе ги покриваат економските активности за Германија и Австрија, две земји кои се најголемите економски партнери на земјава.

Сузана Тунева, магистер по меѓународни економски односи ќе биде испратена во амбасадата во Анкара. Економскиот советник, Бекри Ајдини, магистер по меѓународна економија, кој, како што посочи Османи уште од самиот почеток е вклучен и задолжен за портфолиото Дубаи Експо, има специфични познавања на економските односи со Обединетите Арапски Емирати и воопшто регионот на заливот и соодветно на тоа ќе биде упатен во амбасадата во Абу Даби.

-Економската дипломатија е важен елемент на севкупната надворешна политика, но и приоритет број четири од мојата мандатна мисија, што го најавив уште на самиот старт од моето влегување во куќава. Во еден да речам суштински дел, тоа значи и испраќање економските советници за зајакнување на нашата дипломатска мрежа со оваа економска компонента, и тоа како што веќе најавив, оваа година како пилот проект во неколку дестинации. По одржаните два конкурси, бројни консултации, денеска имам чест да ги преставам првите четири избрани економски советници, кои ќе бидат упатени во рамките на нашите амбасади за да ги имплементираат економските политики кои ги подготвуваме за секоја земја и регион посебно, нагласи Османи.

Истакна дека избраните економски советници се профилирани дипломати од кариера, кои имаат и посебно искуство во економскиот аспект. Задачата на економските советници, додаде министерот за надворешни работи, ќе биде да ги престават потенцијалите на Република Северна Македонија како привлечна дестинација за странски инвестиции, да ја промовираат земјата како атрактивна туристичка дестинација, да ги промовираат нашите извозни потенцијали, но и воопшто да ја промовираат Северна Македонија како економски и политички бренд кој претставува дел од современото општество.

-Во периодот до нивното упатување, кое се очекува да почне во втората половина од годинава, економските советници ќе поминат и обемна теориска и практична обука, специфично создадена токму за овој проект, а која се базира на најновите искуства на развиените земји. Фокусот на обуката ќе бидат потребите и спецификите на нашето стопанство, на нашиот бизнис, спецификата на извозните производи и потенцијали, спецификата на нашата гео-стратешка позиција во економска и бизнис смисла, спецификата на нашите ресурси, на нашите потенцијали, истакна шефот на дипломатијата.

Во следната фаза од овој пилот проект најави дека таргет се неколку мултилатерални економски мисии.

-Во координација со министерствата за земјоделие и за економија, во втората половина од годинава ќе испратиме наши претставници и во Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации или ФАО, во Рим, како и претставник во канцеларијата на Светската Трговска Организација во Женева, истакна Османи.

Најави дека во тек се подготовки за видео-конференции со нашите партнери во овие земји и региони, на кои уште во периодот пред упатување ќе им бидат претставени избраните економски советници,  нивната улога, платформата и нивната цел.

-Очекувам во текот на наредните месеци, во согласност со протоколите кои ги наметна пандемијата, да отпочнеме со видео средби и презентации со нашите партнери и колеги од Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Турција, Австрија, Германија, Обединетите Арапски Емирати и земјите од Заливот, активност за што примарно ќе бидат задолжени економските советници, рече Османи.

Тој истакна дека МНР има над 200 дипломати во дипломатската мрежа, а економските советници ќе бидат дел од таа дипломатска мрежа, профилирани за претставување на економските перформанси на земјата. Истакна дека трошоците за нив ќе се покриваат од вкупните трошоци, кои во МНР се наменети за целокупното покривање на дипломатската мрежа.

За разликата од економските промотори, Османи истакна дека економките собветници се дел од дипломатската мрежа и во своето работење ќе го комбинираат знаењето од сферите на економијата и дипломатијата. Додаде дека економските промотори биле испраќани од Агенцијата за странски инвестиции и не постоела координација со дипломатскиот сектор и МНР и нагласи дека со овој коцепет се прави обид за покривање на тие слабости. Османи рече дека со овој концепт очекуваат придобивки во смисла на привлекување странски инвестиции.

Шефот на дипломатијата изјави дека мандатот за дипломатите низ светот е три години, а во случајот со економските советници ќе се прави проценка на една година, ќе се утврдува годишен мандат, со цел да добиваат објективна евалуација за продолжување на следната година мандат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.