„За жал, морам да констатирам дека натамошните контакти немаат смисла и нема натамошни преговори. Ние од ДПА сме заинтересирани за обединување на албанскиот политички фактор во Македонија, бидејќи само на тој начин ќе излеземе во пресрет на Албанците во земјата. Од друга страна од НДП и Руфи Османи зборуваат за нешто друго. Тој мисли дека со нас може да разговара на исто ниво, како што разговара со СДСМ и Зоран Заев“, изјави денеска струшкиот градоначалник Зијадин Села, кој беше делегиран од ДПА да ги води преговорите со Османи.
Според Тачи, Османи е алатка во рацете на СДСМ и на други македонски партии. Од неговата партија најавија стопирање на контактите со партијата на Руфи Османи.
Вчера, лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, од седиштето на партијата во Тетово му понуди на неговиот поранешен сопартиец Руфи Османи спојување на двете партии, со цел, како што кажа, подобрување на животот на Албанците во Македонија.
Ставот на партијата на Османи беше дека сакаат соработка, но неговата партија сака чиста соработка но не и претопување со ДПА.




