Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Идејата за консензуален претседател има длабоки корени во Рамковниот

0
By Нова ТВ on April 3, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 3, 2014 15:23

Во последно време од страна на некои аналитичари и публицисти како и претседателски кандидати има тенденција за замаглување на благородната идеја на ДУИ за консензуален кандидат за претседател, рече портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Според него некои го прават тоа бидејќи не ја разбираат доволно оваа идеја но, за жал, има и такви кои оваа идеја на Демократската унија за интеграција сакаат да ја омаловажуваат или во крајна линија да ја приспособуваат во форма која им одговара на нив.

„Сакаме да укажеме пред јавноста дека идејата за консензуален претседател не е етноцентричната идеја на Ѓорѓе Иванов, без разлика што тој повремено тврди дека ќе биде претседател на сите граѓани на земјата, а ниту идејата за граѓанска држава која ја промовира Стево Пендаровски, барајќи глас подеднакво од страна на сите граѓани без оглед на нивната етничка и религиозна припадност“, рече Османи.

– Исто така, сакаме да ја информираме јавноста дека појавувањето на некој граѓанин Албанец кој се обраќа на албански по собири на некоја политичка партија не е концепт на консензуален претседател (кандидатот на либералите) или дури и некој кандидат Албанец за претседател на државата (Илјаз Халими) кој изјавува дека ќе ги штити интересите на сите граѓани во Македонија. Напротив, таквите појави имаат за цел искривување или злоупотреба на оваа идеја.

– Сакаме да ја потсетиме јавноста дека идејата на ДУИ за консензуален претседател има длабоки корени во Охридскиот рамковен договор, каде Албанците се државотворен народ, потсети Османи.

ДУИ бара идниот претседател да биде избран со договор постигнат помеѓу двете поголеми заедници, Македонската и Албанската пред се.

Како што е дефинирано во предизборната програма на ДУИ:

„Ставот на ДУИ е дека поединецот е слободен во неговото определување за демократските вредности за што се залага, но, во една мултиетничка држава, луѓетото не можат да се договарат надвор од заедницата, бидејќи се оформени од социјалниот и културен контекст на етничката заедница на која припаѓаат… Оттаму, основа за владеење на институциите е легитимитетот кој треба да го добијат од заедницата. ”

ДУИ го осудува секој обид за искривување и злоупотреба на оваа идеја, без оглед од која партија или политичка страна доаѓа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.