Следната недела на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас ќе му кажам дека владата е подготвена за решавање на прашањето за името.
Бидејќи во 21 век мора да се прават компромис, времето на дневно политички одлуки околу спорот со името заврши, изјави во синоќешната 24 Анализа вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.
На прашањето дали владата ќе влезе во преговори околу изведените зборови од името- како употребата на придавката македонски – Османи вели – владата ќе преговара за сите прашања, штитејќи ги државните интереси.