Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Министерството за надворешни работи станува зелено

0
By Ivana on September 4, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 4, 2021 12:18

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција во градскиот парк, ја лансираше иницијативата „Зелена дипломатија – новото нормално“ и ги информираше новинарите за конкретните чекори и проекти преку кои ќе се спроведува

– Не случајно се наоѓаме во градскиот парк, во една убава, пријатна и зелена атмосфера, во амбиент кој што асоцира на нашиот проект што ќе го лансираме денеска, а тоа е дека министерството за надворешни работи станува зелено. Свесен сум дека темата не е дневнополитички актуелна, но во меѓународните односи се наметнува како најважното прашање за иднината на светот. И тука не се работи за некоја апстракција. Во својот извештај Обединетите нации ги вбројуваат пожарите и поплавите како најважните последици на климатските промени, истакна Османи.

Османи ги презентираше проектите преку кои ќе се спроведува оваа иницијатива, при што, информираше дека ќе биде назначен климатски амбасадор чии надлежности ќе бидат промовирање на домашните и меѓународните политиките за зачувување на животната средина.

Зелената надворешна политика ќе треба да се прилагоди на предизвиците на носителите на одлуки во борбата против климатските промени и нивните влијанија, а амбасадите ќе бидат фронтални предводници на иницијативата за зелена дипломатија, што ќе значи и нула пластика во МНР и целата дипломатска мрежа, споделувње на возило со колегите, возење велосипед или пак тротинет, соларни уреди како одржливи извори на енергија, штедење на хартија, замена на светилките со штедливи светилки.

Министерот, во овој контекст информираше дека веќе е во постапка формирање на посебно Одделение во МНР за зелена дипломатија кое ќе ги следи и анализира меѓународните политики во областа на климатските промени и заштитата на животната средина и ќе продуцира насоки кои ќе се преточуваат во конкретни домашни политики.

Презентирајќи ги сите чекори преку кои ќе се спроведува иницијативата, Османи нагласи дека ќе се изгради зелен покрив на зградата на МНР, ќе се воспостави и систем на сепарација на отпад, а објектите на амбасадите ќе треба да станат енергетски ефикасни.

Ќе се практикуваат и зелени состаноци, кои се сé почести меѓу дипломатите во светот, но стануваат дури и нужност со траењето на ковид пандемијата.

– Ние имаме визија да станеме прва земја од регионот што ќе обезбеди одржлива работна средина во министерството, но и на дипломатската мрежа во следните пет години. Преку „зелената дипломатија – новото нормално“, министерството ќе се обиде преку претходно набројаните чекори и сериозни проекти да ја постигнеме оваа амбициозна трансформација. Иднината е зелена и за дипломатијата, заклучи Османи.

Министерство за надворешни работи осмни
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.