Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Морина треба итно да се ослободи

0
By Нова ТВ on July 30, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 30, 2019 14:27

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање денеска изјави дека лично од првиот ден е ангажиран за ослободување на Томор Морина, поранешен припадник на ОВК, кој беше уапсен пред пет дена на граничниот премин Блаце, по потерница издадена од седиштето на Интерпол во Лион.

– Очекувам одговор, имам поднесено службено барање до судијката која ја спроведува постапката да ми дозволи да го посетам. Во текот на денешниот ден ќе се обратам до институцијата да го посетам бидејќи јасно е дека нема координација меѓу неговиот адвокат, барањето за екстрадиција итн…, рече Османи, додавајќи дека е болно што после 20 години од конфликтот, како што истакна, луѓето уште да се задржуваат и да се приведуваат за конфликтот.

Со оглед на тоа што потерницата е издадена од седиштето на Интерпол во Лион, наведе, судството во земјава треба да ги помине потребните судски постапки се додека Министерството за правда донесе одлука за не екстрадирање на Морина.

– До овој момент нашите информации се дека се уште не е доставено барање од страна на адвокатот до Министерството за правда. Секојдневно контактираме со министерката за правда, изјави вицепремиерот Османи.

Потенцира дека во вакви ситуации, толку колку што може политиката да влијае, рече, „правиме се што е можно и итно треба да се ослободи Морина“.

На новинарско прашање во кое својство ќе го посети Морина, вицепремиерот Османи одговори дека не се врши притисок врз судството, туку, рече, жално е што се случи овој настан бидејќи влијае на односите помеѓу нас и Република Косово.

– Потерницата е за српски граѓанин, а ние не ги познаваме тие луѓе како српски граѓани, туку тоа се  граѓани на Република Косово, држава со која ние имаме соработка. Тоа е беспредметно. Овој пат е специфично што потерницата не е преку билатералната соработка преку српскиот Интерпол, туку преку централата на Интерпол во Лион и затоа нашата држава треба да постапува според сите процедури. Нашиот притисок е врз Министерството за правда да ја забрза постапката. Мојата посета е како пријател на Република Косово и како претставник на Влада што е пријател на Република Косово за да се даде порака оти ова прашање мора системски да се реши и да не се случи веќе за конфликтот од 1999 година ние да влеземе во тие односи помеѓу Србија и Косово, појасни Османи додавајќи оти е време за помирување помеѓу државите. Северна Македонија, истакна, има подеднакво добри односи и со Србија и со Косово.

– И денешната прес-конференција на која требаше да присуствува и српската амбасадорка и да ја промовираме соработката е токму таа порака дека сакаме добри односи и со Србија, но никако на сметка на добрите односи со Република Косово, рече Османи.

Српски медиуми објавија дека Министерството за правда на Србија утрово поднело молба до надлежните институции на Северна Македонија за испорачување на Морина.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.