Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи на работен појадок со Фајон, заедно со шефовите на дипломатијата и специјалните претставници за Западен Балкан

0
By Ана Василевска on August 29, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На маргините на Бледскиот стратешки форум, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со министрите за надворешни работи на Косово, Доника Грвала Шварц, на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, на Хрватска, Гордан Грлиќ Радмн и заменик министерката за надворешни работи на Албанија, Меги Фино, учествуваше на работен појадок организиран од страна на министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

Покрај шефовите на дипломатијата од државите на Западен Балкан на состанок учествуваа и специјалните претставници за Западен Балкан на Словенија, Анжеј Франгеш, на Норвешка, Арне Санес Бјорнштад, на Велика Британија, лорд Стјуарт Пич и на Австрија, Јоханес Ајгнер.

Евроинтеграцијата на земјите од регионот како нивна стратешка определба и надворешно политичка цел беше главна тема на разговор, при што Османи нагласи дека покрај јасна временска рамка за следното проширување на Унијата, концептот на забрзана интеграција на регионот пред членството ќе донесе поголема предвидливост, стабилност и ќе го зајакне кредибилитетот на политиката за проширување.

-Со нетрпение ги очекуваме предлозите за конкретна операционализација на овој нов концепт, кој според нас би бил од клучно значење за надминување на разликите и забрзување на процесот на целосна интеграција во ЕУ. Во исто време, овој пристап би имал значително позитивно влијание врз клучните предизвици со кои се соочуваме денес: растечки евроскептицизам и намалување на влијанието на малигните активности на трети актери кои имаат за цел да ги поткопаат демократските институции и да ја дестабилизираат земјата и регионот, рече Османи.

Министерот ги брифираше соговорниците за актуелните состојби во земјава, заложбите во рамки на регионалната соработка и пошироко, како во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и Организацијата за безбедност и соработка на Европа, со кои земјата претседава, така и во рамки на НАТО Алијансата.

Бледски стратешки форум Бујар Османи Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.