Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи на средби со министрите на Ерменија и Азербејџан: Употребата на сила за решавање на споровите е неприфатлива

0
By Blerina Tahiri on September 20, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи оствари одвоени средби со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов и министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

На средбите, како што информираат од неговиот кабинет, Османи ја изразил својата длабока загриженост за денешните воени операции во регионот, како и за опасноста и влијанието врз погоденото цивилно население. Повикувајќи на итна деескалација, повторно изрази загриженост за сериозните последици врз луѓето, особено за ранливите групи.

-Хуманитарните аспекти мора да преовладуваат и хуманитарните потреби на локалното население мора да бидат овозможени , подвлече на средбите Османи.

Претседавачот истакна дека употребата на сила за решавање на споровите е целосно и секогаш неприфатлива и дека одржливиот, конструктивен дијалог во добра верба е единствениот пат кон траен мир.

Тој ја повторил и својата подготвеност за личен и активен ангажман и истакна дека ОБСЕ, како организација е подготвена да им помогне на Ерменија и Азербејџан на патот кон мирот.

-ОБСЕ поседува потребно искуство, експертиза и алатки за олеснување на дијалогот и градењето доверба и спроведување на релевантните договори, рече Османи на одвоените средби со министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан, Мирзојан и Бајрамов.

Азербејџан Бујар Османи Ерменија одвоени средби
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.