Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Наместо кафеански муабети, ДПА да направи програма

0
By Нова ТВ on April 23, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 23, 2014 18:36

ДУИ смета дека предизборната кампања генерално беше фер и во демократски дух со некои исклучоци. Граѓаните на Македонија имаа можност да ги слушаат понудите на политичките партии и предложените кандидати за пратеници.

– За жал, за разлика од македонскиот политички блок, во албанскиот политички блок, ДУИ немаше достоен конкурент кој ќе одговори на моментот и контекстот во кој се наоѓа државата, рече денеска пред новинарите Бујар Османи.

Според Османи, за разлика од неговата партија која понудила проекти, политичките противници на ДУИ не направиле ништо и продавале лажни илузии.

– Ние сметаме дека Албанците во почетокот на овој век, со два универзитета и други научни и образовни институции не го заслужуваат ова. Но, ние од ДУИ знаеме зошто на нашите политички противници им недостасува ваквата храброст, бидејќи писмениот договор со народот пред се е одговорност, а тие немаат храброст за одговорност, рече Османи.

– И додека ние со писмо потпишано лично од нашиот лидер им честитаме на гласачите кои за прв пат добиваат можност за гласање, другите го злоупотребуваат тоа нудејќи уцени, закани и тајни договори, дополни тој.

За ДУИ комуникацијата преку писмо испратено до граѓаните е почит и благодарност за нивната волја, додека другите немајќи храброст да склучат договор со нив прават напори да склучат договор со македонските лидери, кои, според нив, тие треба да ја одредат судбината.

ДУИ е длабоко убедена дека гласачите ќе знаат да направат разлика помеѓу одговорноста и неодговорност, ќе знаат да прават разлика што е понуда а што е уцена и дефинитивно ќе можат да разликуваат кој прави договор во име на народот и кој во свое име.

Османи, во име на партијата изрази благодарност до сите, особено на над 150.000 граѓани, кои биле со нив на собирите овие денови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.