Тоа што направи Русија е кршење на меѓународното право и на европската безбедносна архитектура. Многу е важно Украина да победи во оваа војна. Нема да признаеме никакви референдуми ниту резултати од такви референдуми, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи на денешниот редовен брифинг со новинарите во врска со референдумите во окупираните територии од Русија во Украина.

„Ме чуди што 25 посто македонски граѓани сметаат дека руската агресија врз Украина е оправдана, тоа е против националните и државните интереси на нашата земја”, додаде Османи.