Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Нема да има нови избори и потреси, мнозинството е стабилно

0
By НОВА ТВ Balaban on October 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гласачите се еманципирани во Тетово. Затоа и имавме градоначалничка во Тетово. Алијанса имаа лош кандидат, а граѓаните знаат, сега се се сведува на профилот на кандидатот и очекуваме дека Арифи ќе добие. Да, сме разговарале со СДСМ, но пред избори се договоривме дека сами ќе излеземе на избори и ќе оставиме граѓаните самите да одлучат, вели Османи.

Во последниве 10 години секоја година имаме избори. Немаме потреба од тоа. Тоа значи стискање пауза на работите во државата. Мислам дека нема да има нови избори и потреси. Пред нас се важни прашања, а мнозинството е стабилно, изјави шефот на дипломатијата и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, за „Утрински брифинг” во врска со тоа дали е можно да се доведе во прашање мнозинството во Парламентот со оглед на резултатите на локалните избори.

Во врска со изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети , дека следно е претседател Албанец во земјава, Османи вели дека Ахмети не бил разбран соодветно.

– Ахмети зборуваше за еднаквоста како принцип, дека ниеден човек не може да биде исклучен. Тој ги објасни тие работи како промена на начинот на однесување. Тоа што беше во 90-тите либералната агенда сега е зелената агенда. Ние се адаптираме кон новото време. Прво, зелената агенда ја сфаќаме како нов начин на живот а не само како екологија. Правиме стратегија натаму преку практични решенија во таа насока, вели Османи.

Тој оценува дека ДУИ постигна одличен резултат на изборите бидејќи, како што наведе, освоиле 130.000 гласа што е повеќе од 2017 година кога имале 89.000.

– Секогаш кога ДУИ е дел од процесот на организирање на изборите, работите се одвиваат во ред. Имаме придонес што изборите поминуваат во нормален процес. Мислам дека ДУИ постигна одличен резултат. Ги зголеми гласовите од 2017 година. Ако се бројат советите и градоначалниците имаме 130.000 гласа, а имавме 89.000. ДУИ покажува стабилност во однос на поддршката од граѓани. Имаме тројца избрани градоначалници со убедлива предност. Со предност одиме во вториот круг речиси во сите општини, оценува Османи.

Во однос на приговорите поднесени за изборниот процес во Гостивар каде има вишок ливчиња и може да ја промени ситуацијата со излезноста, Османи вели ќе ја почитуваат одлуката на ДИК.

-Имаме доверба во процесот. Сепак имаме одлични резултати и зголемување на гласачите во Гостивар. Кампањата беше успешна и сметам дека имаме шанси во вториот круг, вели Османи.

За тоа како ќе се одвиваат преговорите со СДСМ за евентуална поддршка во однос на Тетово каде ДУИ во вториот круг влегува со Беса која е исто така владин коалициски партнер, како и во однос на Чаир, Османи рече дека уште пред изборите се договориле дека самостојно ќе излезат на избори и ќе остават на граѓаните да одлучат.

– Гласачите не можат да бидат насочувани од партиите во поголем степен, Гласачите се еманципирани во Тетово. Затоа и имавме градоначалничка во Тетово. Алијанса имаа лош кандидат, а граѓаните знаат, сега се се сведува на профилот на кандидатот и очекуваме дека Арифи ќе добие. Да, сме разговарале со СДСМ, но пред избори се договоривме дека сами ќе излеземе на избори и ќе оставиме граѓаните самите да одлучат, вели Османи.

Во однос на состојбата во Скопје, Османи смета дека во главниот град имаат одличен резултат со над 26.000 гласови.

– Ако ги гледате бројките по избирачки места, колку имаме ние гласови, толку добил и Шилегов. Мислам дека втор круг не е континуитет на првиот туку се почнува од нула. Тогаш граѓаните повеќе размислуваат за кого ќе го дадат гласот кога има само двајца кандидати. а не 12. Мислам дека постои можност во Скопје и двајцата кандидати да победат, но ќе одлучат скопјани. Во Чаир за триста гласа не победивме во прв круг, а и во Арачиново очекуваме победа бидејќи имаме одличен кандидат, изјави Османи. 

Бујар Османи избори мнозинство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
ФОКУС

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

ВЕСТИ October 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека синоќа е постигнат „историски успех“ на Блискиот…

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

October 8, 2025

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025
ТИКЕР

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.