Published: Friday, January 24, 2014 14:15
Нема одлука дали Ахмети би поддржал заедно со претседателските да се оддржат и предвремени парламентарни избори, изјави портпаролот на ДУИ Бујар Османи за НОВА.
Синоќа, според Османи, лидерот на ДУИ побарал од сите министри извештај за се што сработиле во досегашниот мандат, како и анализа до каде е спроведен коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
ДУИ го чека следниот извештај за функцинирање на големите јавни претпријатија и зависно од целокупниот извештај ќе биде направена анализа за тоа дали следуваат парламентарни заедно со претседателски избори, образложува Османи.
Што се однесува до претседателските избори, ставот останува зациментиран дека потребен е консензуален кандидат, кој ќе го манифестира единството во земјата.




