Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ја нарече “класична закана” објавата на руската амбасада во Северна Македонија дека ги следи и документира активностите против Руската федерација.
“Во текот на денешниот ден ќе одржиме координативен состанок за да заземеме став околу оваа објава на руската амбасада која е класична закана”, рече Османи на денешниот брифинг со новинарите.
На прашањето дали ќе биде преземена мерка протерување на амбасадорот на Русија, шефот на дипломатијата одговори дека Северна Македонија ги координира своите чекори со ЕУ и НАТО и дека ќе се разгледува и дали тоновите од руската амбасада претставуваат прекршување на Виенската конвенција. (С.К.)