Претседателот на НДП, Руфи Османи, денеска на прес-конференција го обвини
градоначалникот на општина Гостивар за нелегалните активности во урбанизмот, капитални инвестиции спротивни на законот за јавни набавки, како и отпуштања на директори.
„Сите проекти кои се промовирани, а финансирани од Светска банка, КHW Банка , IBRD и промоцијата на Економско-социјалнит совет со УСАИД и промицијата на Регионалниот центар во ВРУТОК како дел од IPARD прогармата се ексклузивен допринос на општината од мандатот 2009-2013 и актулениото раководсво нема никакава заслуга“, истакна поранешниот градоначалник на Гостивар, Руфи Османи.
Според него активностите на општина Гостивар по изборите на април 2013 се исполнети со многу неуспеси и нелегални активности.
„Кулминиацијата на овој неуспех на ова раководството несомнено е ребалансот и намалувањето на буџетот за 2013 со кој чин се докажа дека општинското раководство нема менаџерски капацитет да обезбеди јавни пари, како предуслов за обезбедување на јавни добра“, рече Османи. Еве дел од неговите аргументи за начинот на кој Невзат Бејта раководи со општина Гостивар:
– За помалку од шест месеци ова раководтство ја зголеми цената на водата и канализација за 100%, ги покачи општински даноци за 50% а од неодамна им наметна на граѓаните на Гостивар и такса за одржување на гробиштата од 1.200 ден на годишно ниво за гробиштата на сите починати луѓе.
– Во време кога Минстерството за Труд и Социјала отвара јавни кујни низ многу општини во земјата, единсвената социјална кујна која постоеше во ЈКП ова гарнитура ја затвои без никаква причина со што има зададе тежок социјален удар на над 200 социјални работници во ЈКП.
– Неуспешноста во реализација на буџетот се должи на незаконските одлуки за прифаќање на нелегалните аванси платени во ЈП Гостивар во стечај, уништувањето на хуманите ресурси во општина, распуштањето на одделот за легализација на дивоградбите и наплата на даноци како и неуспехот за повлекување кредити обезбедени од странски банки од кадри на НДП во периодот 2009-2013.
– Како функционира секторот на урбанизам во општина Гостивар најдобар доказ е изградбата на цела една населба на нелегален начин без одобрние за градаба во населба Циглана како и толеранција на градби само на база апликации и без плаќање на комуналии.
– Реализацијата на капиталните инвестиции започнува без завршување на тендерска постапка а особено во следните работи: Уредување на зеленилото на влезот на градот, изградбата на дел од патот од мостот на Вардар до Џамијата во Бањешница, изградба на коловозна лента што го поврзува патот ЈНА со 18-ти Ноември и изградба на пат во Бањица. Вкупната вредност на овие инвестиции изнесува 21.110,000 денари или 343.252 евра.
– Истовремено, има инвестиции во јавното осветлување и поставување на бекатони низ градот за која нема информација дека се спроведени легални јавни набавки.
– Брутално е погоден секторот за образование во тековниот период. Почетокот учебната година 2013-2014 е поврзан со многубројни проблеми во повеќе насоки. Покрај нелегалното отпуштување на легитимните директори и разрешување на повеќе од 135 професори Албанци и нивна замена во повеќе училишта со кадри со средно образование, ова општинско раководство ги принудува учениците во албанските училишта да плаќат на незаконски начин по 10 евра за одржување на безбедноста во училишните објекти, која е законска обврска на училиштата а не на учениците.
– И покрај фактот дека незаконските одлуки за отпуштување на директорите се поништени од второ степената инспекција, општинското раководство се става над законот непочитувајќи ниту еден правен орган на повисоки нивоа.
– И покрај фактот дека на незаконски начин директорите на училиштата со директива од страна на општинската власт ги укина договорите со операторите за транспорт на ученици, се определни нови оператори без да заврши тендерската постапка за јавен транспорт, и скоро сите оператори кои се ангажирани работат без договори за работа и во спротивност со законот за јавни набавки. Денес сме 3.10. додека учебната година започна на 1.10.2013.
– Во тендерот за јавен превоз на ученици преку фаворизирање на одредена компанија општинската комисијата за јавни набавки воспоставувал елиминирачки критериуми спречувајќи фер конкурирање и го одбрал најскапиот оператор. Со овој чин се зголемени трошоците за јавен превоз на ученици за 22% односно од 44.900,000 денари трошоци колку беа во школската година 2012-2013, на 54.600,000 за школската година 2013-2014. Со ваквата постапка се нанесува штета на општинскиот буџет од 9.700.000 денари (160.000 евра).
– И за крај овој невиден политички мобинг го уништува и зеленилото во градот, кружните токови, натписите во собраќајот и јавните установи и јавните добра инвестирани од претходната општинска власт созадавајќи големи трошоци без никаков основ.
Пред новинарите лидерот на НДП Руфи Османи најави тужба за Невзад Бејта поради неаргументиранио обвинување и клевета. „Му препорачувам да собира материјални докази и да се појавува во судските сеанци и да не го остави неговиот адвокат да се измачи во отсуство на аргументи“, потенцираше Османи.
Инаку во април годинава Бејта го обвини Османи дека потрошил 1.2 милион евра од буџетот на незаконски начин во текот на изборната кампања.



