НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Подготвени сме да исполниме се што ќе побараат за уставните измени

0
By Gabi Tocko on July 31, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова се ретки времиња во историјата на една држава кои се сметаат за одлучувачки за подолгорочните текови и време кога партиските и личните агенди и кариери се помалку важни од одговорноста што секој ја носи во однос на иднината на земјата и на граѓаните, изјави шефот на дипломатијата и потпретседатeл на ДУИ Бујар Османи во гостување во дневникот на Телма, појаснувајќи ја целта на условените оставки на министрите од ДУИ.

Тој најави дека оставките утре формално ќе бидат доставени до премиерот на владина седница потпишани поединечно од секој од петмината министри. Оставките, рече, по автоматизам ќе се активираат веднаш штом бидат усвоени уставните измени, без нови одлуки од партијата, како што е наведено во писмото од партискиот лидер.

Во однос на ставот на опозицијата дека сега на маса се само предвремни избори, Османи оцени дека со тоа на виделина излегуваат двете различни агенди –  изборите, личните агенди, партиските агенди наспроти државните интереси.

Сите барања на опозицијата ги исполнуваме едно по едно. Бараа гаранции – ги добија од меѓународната заедница, бараа излегување на ДУИ – го добија со одлука која што влегува по автоматизам во сила. Мора секој да покаже одговорност во овие важни моменти, секој да исчекори дел од патот. ДУИ го направи својот чекор, очекуваме секоја од политичките партии да направи чекор, да се сретнеме на средина, да го обезбедиме европскиот пат, потоа ќе одиме на избори. Истиот момент кога ќе се изгласат измените, со што ќе се обезбеди европската иднина на граѓаните ќе одиме на избори. Се што ќе побараат за уставните измени ние сме спремни да исполниме, вели Османи.

Прашан за изјавата од опозицијата дека оставките се само фолирање, Османи ги повика „да ги тестираат, да ги изгласаат уставните измени“, при што, потенцираше, по автоматизам ќе се активираат оставките на министрите, но и на сите избрани функционери во Владата од редовите на партијата.

Се обидуваме и на граѓаните да им ја пренесеме пораката дека сонот за европска перспектива се става под прашалник со оваа одлука. Сега сме на крстопат дали државата ќе се изолира со земјите кои што имаат отворени прашања и влегуваат во група на држави кои што ќе треба да ги затвараат сите отворени прашања што значи целосна билатерализација на процесот или заедно со Албанија и Црна Гора ќе бидат првите земји кои што ќе станат членки на ЕУ и ќе се исполни сонот на граѓаните за подобар живот, но, што е најважно – ќе се спречи нашиот пасош да биде помалку важен од пасошите на другите соседни држави кои што се во ЕУ. Најпатриотскиот чин што денеска можете да го направите е да обезбедите европска иднина на граѓаните, потенцира Османи.

Тој не се согласува дека опозицијата има конзистентен став околу уставните измени, туку дека постојано ги менувала затоа што, вели, не можат да најдат аргумент зошто се против уставните измени.

Прашан доколку до ноември не успеат да ги донесат уставните амандмани, кое е сценариото Б, дали ќе следат предвремени избори, Османи е уверен дека измените ќе успеат затоа што, вели, никој не успеал да ја скрши волјата на граѓаните за европската иднина на земјата.

Уставните измени ќе успеаат затоа што е тоа волја на граѓаните за членство во ЕУ и никој не успеа во овие 30 години да ја скрши таа волја, нема да успее ниту сега. Првата битка ја добивме, граѓаните се уверија дека нема ништо спорно во уставните измени. Верувајте дека битка по битка ќе успееме пред избори да имаме уставни измени, вели Османи.

Тој повтори дека ќе нема предвремени избори.

Убеден сум дека нема да има предвремени избори, изборите ќе бидат редовни на пролет, идната година, а до тогаш, до поседниот ден, ќе работиме на обезбедување европска иднина на граѓаните и ќе успееме затоа што ги имаме граѓаните зад нас, рече Османи.

Прашан за изјавивте од пред 2-3 недели дека ДУИ е жртва на хибриден напад на македонско политичко – бизнис лоби, тој наведе дека „тие се темелат на кредибилни информации за постоење на таков центар од луѓе, како што прецизира, поранешни и актуелни политичари, а кои се обидуваат државата да ја вратат назад 10-20 години“. Поконкретни информации најави за наредниот период.

ДУИ Османи оставки уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.