Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, за НОВА најави заеднички кандидат за претседател, кој најпрво би бил договорен со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ, а доколку не успеат преговорите, со СДСМ, односно со другите партии.
Тука спаѓа и одлуката дали би бил Македонец, Албанец или од друга етничка припадност.
Со ваквиот потег, вели Османи, би се пратила силна порака за кохезија и би се избрал претставник и претседател на сите граѓани на Македонија. Важно е да се постигне етнички консензус, македонско-албански, за еден кандидат уште во првиот круг.
-Прво ќе се разговара со ВМРО-ДПМНЕ, како коалиционен партнер. Доколку се успее да се договори таква платформа и таков кандидат кој ќе биде симбол на таквата платформа, тогаш настапуваме со заеднички кандидат. Доколку тоа не е случај, потоа ќе разговараме со другите партии, образложува Османи.




