Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави денес дека нема прекин во обидите и во комуникацијата со Бугарија за да се најде согласност околу преговарачката рамка на ЕУ за Македонија. Тој не смета дека решение за спорот е потпишување на нов договор туку решението е во сегашниот околу кој треба да се врати довербата бидејќи во Бугарија сметаат дека не се исполнува. Тој потврди дека се разменуваат предлози и идеи, некогаш вербални, некогаш напишани, но јавноста ќе знае за нив ако станат основа за постигнување на согласност, а сега очигледно тоа не е случај, бидејќи не сакаше да ги соопшти.
– За нас е многу важно одржувањето на меѓувладината конференција во декември со германското претсдателство и затоа работиме со конкретни предлози и идеи. Се додека се идеи и предлози за кои нема согласност остануваат само идеи и не можеме отворено да зборуваме за нив. Главно зборуваме во однос на загриженоста за територијални претензии, во однос на малцинствата, работата на Историската комисија, за економските односи, инфраструктурните односи и говорот на омрза. Мое чувство е дека во суштината на проблемот е недостигот на довера меѓу нас и Бугарија.Да ги оставиме настрана политичарите, таа недоверба е меѓу интелектуалците, академиците, историчарите и таа се пренесува во јавноста и има историски контекст. Мора да признаам дека изминатите 70 години не се направени обиди таа да се надмине туку работите се ставани под тепих. Затоа решението и шансата ја гледам во враќање на довербата во договорот, тој е платформата и формата за надминување на разликите. Тука е шансата и работиме во овој правец, рече Османи.
Според него, Бугарија има јасен став за идентитетските прашања, дека не ги спори идентитетот и јазикот на граѓаните во Македонија. Роа, оцени тој, е добра осмова за стекнување целосна доверба.
-Преговорите со ЕУ се тешки и комплексни, полни со пречки на патот. Ние сме поминале такви пречки, а едната беше таа од Франција. Ако не се реши ова прашawe ќе има катастрoфални последици на односите и ќе влијае на можноста за долгорочно решавање. Затоа работиме да ја вратиме довербата овие денови за да го завршиме процесот.Исто беше и со ветото на Франција, и тогаш изгледаше безнадежно, но дали требаше да се откажеме тогаш? Франција немаше доверба во проширувањето, но се најде моцата методологија и работите се придвижија, рече Османи.
Околу забелешката дека според бугарските медиуми се уште сме далеку од решение, а според нашите функционери блиску, Османи рече дека е факт дека има конкретни чекори, идеи и предлози што се разменуваат и дека гледајќи ја сериозноста на предлозите го засновува својот оптимизам дека има солидна основа да се најде заедничка согласност.
Околу тоа дали има обиди за медијаторство и активности зад сцена Османи рече дека пријателите со загриженост го гледаат овој развој во односите со Бугарија и секој се обидува на свој начин да помогне.
– Интерес имаат сите ова да успее. Се разбира германското претседателство тоа го прави најактивно, но нема конкретна форма на посредуваме зошто разговараме директно, рече Османи.
.
Околу Белене тој одговори дека нашата намера за диверфицикација на изворите за снабдување со енергија е комуницирана со сите партнери и не е изненадување.