Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи-Сијарто: Имаме заедничка обврска да ги надминуваме предизвиците и да нудиме решенија

0
By НОВА ТВ Balaban on December 20, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двајцата министри разменија мислења за состојбите во Регионот и констатираа дека е неопходен засилен ангажман на Унијата со цел постигнување двонасочен, партнерски однос кој ќе придонесе кон постабилен и просперитетен Регион. 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска му беше домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој е во еднодневна работна посета  на нашата земја.

Двајцата министри разговараа за развојот на  на повеќесекторската соработка меѓу двете земји, а особен акцент беше ставен на актуелностите во однос на внатрешно-политичките состојби во земјава како и последните дејствија поврзани со европската интеграција на Северна Македонија, но и на регионот.

Османи во оваа прилика го поздрави успехот на словенечкото претседателство да обезбеди консензус за Извештаите на Комисијата за земјите од Западниот Балкан, како и за заклучоците на Европската Унија за регионот, што е аргумент дека и покрај големите предизвици со кои се соочуваме, Европската Унија останува и присутна и посветена на Западниот Балкан.

„Сепак, овој делумен успех на словенечкото претседателство, барем овде кај нас, влезе под длабока сенка на неуспехот на Унијата да обезбеди консензус во операционализација на сопствената одлука од Март минатата година за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Свесни сме дека одлуките на Советот на ЕУ се носат со консензус, но сѐ помалку граѓаните на нашите земји имаат разбирање за тоа на каков начин и со какви аргументи се користи таа привилегија од некои земји – членки. Неспорно е дека довербата во процесот на проширување е најниско ниво, а тоа го загрозува кредибилитетот и на целата Унија и создава нови кризи во целиот регион. Но наша обврска не е да гледаме со разочарување на неуспесите, туку да ги следиме предизвиците и да нудиме решенија. Ние остануваме посветени на процесот на интеграција во Европската Унија, што преставува наш стратешки интерес и можам да ве уверам дека продолжуваме да работиме и со нашите соседи со несмалено темпо. Предалеку сме отидени во овој процес за да се откажуваме, но искрено, се надевам дека со новата политичка гарнитура, почнуваме и нов визионерски процес на доверба меѓу двете држави“, истакна Османи.

Министерот Сијарто ја реафирмира унгарската поддршка со заложби истата да продолжи со несмален интензитет во натамошниот период. Двајцата министри констатираа дека интеграцијата на Западен Балкан е геостратешки интерес на Европската унија, што придонесува за безбедноста и просперитетот на целиот континент и оневозможување на несоодветни влијанија и интереси од трети држави.  

Двајцата министри разменија мислења за состојбите во Регионот и констатираа дека е неопходен засилен ангажман на Унијата со цел постигнување двонасочен, партнерски однос кој ќе придонесе кон постабилен и просперитетен Регион.

            Беше поздравен континуираниот раст на трговската размена, и очекување дека постојат потенцијали и за натамошно зголемување на истата. Реактивирањето на работата на Заедничкиот мешовит комитет меѓу двете земји и одржувањето на 4та Седница следната година, ќе даде дополнителен позитивен импулс на трговската размена, со цел изнаоѓање можности за поповолна заемна инвестициска клима.

Османи-Сијарто
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.