Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи-Сијарто: Старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ без никакво одложување

0
By Нова ТВ on December 17, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ја цениме принципиелната поддршка од страна на Унгарија и нивната јасна позиција за старт на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија без никакво одложување, истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи на средба во Будимпешта со неговиот унгарски колега Петер Сијарто.

На средбата, како што соопшти МНР, беше разговарано за последните актуелности во ЕУ поврзани со европските интеграции на Северна Македонија, како и темите поврзани со меѓусебната соработка, развојот на билатералните односи, со посебен акцент на потенцијалите за унапредување на економската соработка.

-Како непосреден сосед на регионот, особено ја цениме принципиелната поддршка од страна на Унгарија и нивната јасна позиција за старт на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија без никакво одложување. Вчерашните одлуки во Брисел и неуспехот на Унијата и во последниот обид на германското претседателство да оформи консензус за преговарачката рамка не се во оваа насока, и дозволете да констатирам дека, тоа се доживува со длабоко разочарување во Северна Македонија, истакна Османи.

Тој го посочи фактот што 26 земји – членки ја потврдија подготвеноста на земјата за почеток на преговорите, како признание и за реформскиот напредок, и за позитивниот пристап во добрососедските односи.

-Во вчерашните заклучоци на ЕУ се вели дека земјите – кандидати треба да сторат сѐ за да стават крај на неправилната интерпретација на историјата. Се согласувам, но сметам дека ‘Слонот во собата’ е повеќе како да се спречи неправилната интерпретација на сегашноста и на иднината“, истакна Османи, посочувајќи на Договорот за распоредување на силите на Фронтекс кој стои заглавен во телата на Унијата, токму поради противењето на Бугарија да прифати да ја признае сегашноста.

Во оваа насока, министерот посочи дека овој предизвик Северна Македонија го има премостено преку билатерални договори со земјите – членки на ЕУ, што дополнително говори за автентичниот европски курс на земјата.

-Благодарност за придонесот и активниот ангажман на унгарските полициски сили, кои им даваат драгоцена помош на своите колеги од Северна Македонија при надзорот на нашата јужна граница. Во рамките на оваа поддршка, досега на ротација во нашата земја беа вкупно 55 контингенти, или преку илјада и петстотини (1.598) унгарски полицајци, истакна Османи, упатувајќи притоа балагодарност и за значајната хуманитарна помош од страна на Унгарија, како дел од мерките за успешно справување со последиците од пандемијата со Ковид-19.

Двајцата министри се осврнаа и на традиционално блиските билатерални односи меѓу Северна Македонија и Унгарија зајакнати од март ова година во духот на евроатлантското партнерство и сојузништво.

На состанокот кој од соговорниците беше оценет како исклучително продуктивен, покрај бројните теми, беа потпишани и два документи меѓу двете држави: едниот за соработка во областа на високото образование и науката; а вториот, за соработка во делот на дипломатските обуки меѓу двете Министерства за надворешни работи.

За време на престојот во Будимпешта, Османи ќе оствари средба и со советниците за надворешна политика на унгарскиот премиер, Виктор Орбан – Јанош Бала и Јанош Мате.

Посетата на Унгарија претставува дел од мини–турнеја на министерот за посета на земјите–членки на ЕУ дел од поширокото соседството на Западниот Балкан. Во рамки на турнејата Османи веќе оствари посета на Чешка и Романија, а мини – турнејата на поширокиот регион завршува на 21 декември со посета на Виена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.