Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи – Столтенберг: Заедничкиот пристап на НАТО и ЕУ во Западен Балкан клучен за регионалната стабилност

0
By Ана Василевска on September 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Османи-Столтенберг
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварил средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во рамки на работната посета на Брисел.

На средбата, соопштија од МНР, станало збор за актуелните безбедносни предизвици, како и  активностите на НАТО во насока на адаптирање кон новата безбедносна реалност, справување со предизвиците и зајакнување на одбраната и одвраќањето.

Посебен фокус на разговорите биле актуелните состојби во Западен Балкан, како регион од стратешки интерес за Алијансата.

– Блиската координација и заеднички активности на НАТО и ЕУ во Западен Балкан, како и забрзување на европската и евроатлантската интеграција на земјите од регионот претставуваат клучни алатки за консолидирање на регионалната стабилност и затворање на вакуумот за потенцијални дестабилизирачки влијанија од трети страни, нагласил Османи.

Воедно, тој истакнал дека Северна Македонија како кредибилен сојузник, останува посветена во својата определба за придонес кон глобалниот мир, колективната безбедност и стабилноста на регионот. Во таа насока, се осврна на нашиот придонес во мисиите и борбените групи на НАТО, како и определбата за одвојување на два проценти од целокупниот БДП за одбраната.

Во соопштението од МНР посочуваат дека на средбата, стана збор и за руската воена агресија врз Украина, како и поддршката за украинскиот народ, а во тој контекст и беа нагласени и значајните одлуки од неодамнешниот Самит на НАТО во Вилнус, со кои уште еднаш се потврди единството на Алијансата.

Бујар Османи ЕУ и НАТО Јенс Столтенберг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.