Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека бугарија треба да остави преговорите со ЕУ и работата на историчарите да се одвиваат паралелено, Тој денеска пред новинарите, кажа дека Бугарскиот Меморандум официјално не е доставен до Владата, а македонските позиции кои се презентираат до ЕУ членките се јасни – дека политиката и историјата треба да се третираат како два различни процеси. Османи ова и го пренел и на својата бугарска колешка Захариева.
Меморандумот кој Бугарија го испратила до земјите членки на Европската унија е објавен од страна на бугарските медиуми.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели Меморандумот кој Бугарија им го испрати на земјите членки се дел од комуникацијата што ја имале во Европската унија.
Тој на прес конференцијата со албанскиот колега Гент Цакај не рече ништо конкретно што ќе преземе околу условите кои ги поставува Бугарија а за кои бара поддршка од земјите членки.
На прашањето дали Бугарија ќе не блокира на патот кон ЕУ и што ќе преземе македонското МНР, Османи вели:
– Јас сметам дека меѓувладината конференција не е посебна одлука од одлуката во март. Повеќе ја интерпретирам како операционализација на веќе донесена одлука. Тоа е веќе еден пакет на прашања за коишто Советот веќе постигна консензус во март, вклучувајки ја и Бугарија.
Да, Бугарија даде унилатерална забелешка, искажувајки ги своите ставови , меѓутоа ја одобри одлуката за почеток на преговори, чиј дел е и одржувањето на меѓувладината коференција. Не мислам дека треба да наметнеме негативна динамика на притисоци.
Османи со порака до бугарските политичари – да градиме патишта и да го почитуваме Договорот за Доборососедство, кој се засновува на добра волја, а не на временски условувања. За се треба време, па и за историјата.
Во однос на Гоце Делчев, најдобриот начин да се почитува е да се изгради автопатот Скопје- Софија и да се именува Гоце Делчев- тоа е најдобриот начин како двете држави ќе ја почитуваме таа историска фигура, но навистина мислам дека политичарите можат само да пречат.