Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи верува дека е можно решение и со техничката Влада на Бугарија

0
By Нова ТВ on May 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 12, 2021 19:48

Се уште верувам дека постои можност да се влезе во посуштински разговори и со техничката Влада во Бугарија, имајќи предвид дека Бугарија во март минатата година даде веќе зелено светло за започнување преговори, односно кога се донесе политичката одлука, така што нема дилема дека има консензус по однос на одлуката за започнување преговори.

Останува прашањето на текстот на преговарачката рамка како предуслов за одржување на првата меѓувладина конференција, изјави денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи на заедничката прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто.

Османи најави дека идната недела очекува да има поголема дипломатска активност за евентуално, како што подвлече, да може да се дојде до решение кое би ни овозможило да го преминеме овој чекор за да може да се одржи првата меѓуладфина конференција во јуни.

-Не можам да гарантирам кој ќе биде епилогот на тие активности и тие разговри, меѓутоа знам дека е во интерес на сите бидејќчи овој имагинарен ѕид што се постави пред Северна Македонија стана веќе тест на кредибилитетот и тоа го знаат земјите-членки, но го знае и Бугарија и дека врз основа на тоа ќе се обидеме да најдеме начин да стигнеме до решение.

Османи за средбите што ги имале во Брисел, рече дека уште еднаш била реафирмирана поддршката за почеток на преговори со Северна Македонија веднаш, но и дека земјава е најдобриот ученик во регионот што заслужува да ги почне преговорите и тоа го кажаа сите претставници со кои вчера имавме средба.

Претходно, техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, кој денеска ја презеде функцијата од досегашната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева во рамки на техничката Влада на Бугарија, рече дека немаат надлежност да ја променат позицијата на Бугарија кон Северна Македонија.

Како што рече тој, тоа зависи од официјалниот кабинет на Бугарија и од министерот за надворешни работи ќе биде сторено во насока на продолжување на дијалогот.

Тој истакна дека техничката Влада на Бугарија ќе продолжи да се придржува кон досегашните позиции на Бугарија за Република Северна Македонија. Според него, не би требало да се шпекулира дека ќе има некаква промена во бугарската позиција во следните два до три месеци додека трае техничката влада.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.