Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи за АНА-МПА: Се отстранува еден огромен црн камен од нашиот врат

0
By Нова ТВ on January 22, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 22, 2019 10:37

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека Договорот од Преспа е заемно корисно решение, а имплементацијата ќе создаде политичка и економска стабилност во регионот, пренесува МИА од Атина.

-Земјата ќе влезе во НАТО, ова ќе создаде политичка стабилност, а политичката стабилност носи економска стабилност. Во продолжение ќе го подобриме економскиот просперитет на граѓаните во регионот. Целиот регион ќе се движи со брз ритам и со тоа веќе нема да постои “црна дупка” во овој дел од Европа, што би можел да биде потенцијално место за конфликти и војни, вели Османи, кој додава дека значајно ќе се подобри и билатералната соработка, објаснувајќи дека од потпишувањето на договорот, за 18 отсто е зголемена билатералната трговија.

Според вицепремиерот, Договорот од Преспа ќе помогне и во меѓуетничките односи во внатрешноста на земјата.

Прашан за реакциите што постојат и од двете страни на границата, Османи вели дека фактот што постои противење за договорот со слична фразеологија и во двете земји покажува дека договорот е симетричен и додава дека ако беше во корист на само едната страна и не беше win-win решение, тогаш ќе има огромни реакции во едната земја, а помалку во другата.

Говорејќи за процесот кај нас, Османи вели дека тоа не било воопшто лесна процедура, туку сложен процес за кој никој не бил сигурен дали ќе има успешен завршеток.

-Имавме двајца харизматични лидери  во земјата, Заев и Ахмети, од двете етнички заедници, но и искрена помош од меѓународната заедница, од Европската унија и Соединетите Американски Држави, кои на некој ја создадоа оваа формула на успех на процесот и многу сум среќен што го завршивме и го отстранивме овој огромен “камен” од вратот што ни пречеше да напредуваме во изминатите 27 години, истакнува Османи и додава дека е во исчекување успешно да заврши процесот и во Грција за да стапи на сила договорот.

Османи смета дека со решавањето на спорот, придобивки има и за двете страни – Грција ќе има водечка улога за интеграција на земјите од регионот во Европската унија, а Македонија ќе стане членка на НАТО и ЕУ.

Во однос на ставот на Русија и можноста Москва да создаде проблеми во имплементацијата на договорот, Османи вели дека „сега е веќе доцна“, бидејќи процесот е доста зрел за некој да се обиде да направи пресврт.

-Една од причините што инсистиравме на забрзување на процесот за влез во НАТО е за да се спречат овие геополитички конфликти за влијание во регионот каде што колатералната штета ќе беше токму на регионот и луѓето што живеат тука. Затоа, и покрај тоа што сакаме да имаме добри билатерални односи со Русија, пораката е дека припаѓаме во евроатлантското семејство на вредности и амбицијата на другите геополитички сили да влијаат во овој регион е завршена, објаснува Османи за АНА-МПА, пренесе МИА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.