Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи за МИА: Има напредок во преговорите, но се уште има разлики

0
By Нова ТВ on June 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 7, 2018 15:32

– Лично сум оптимист. Последните метри од секоја трка се најтешки. Тука се разликуваат лидерите од другите. Треба да се издржи овој последен период од маратанот и да заврши позитивно. Тоа ќе ја одблокира целата држава, вели Османи одговарајќи на прашањето на МИА за она за што разговарал со високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини на денешната средба во Брисел.

Османи како што вели ја информирал за развојот на преговорите, во како што рече, последните часови меѓу двете страни, за напредокот меѓутоа и за разликите кои се уште постојат и дека е потребно секој добронамерен да помогне да се надминат овие разлики во позитивна атмосфера, во овој процес на меѓусебна доверба.

На прашањето дали процесот е заглавен, Османи истакна дека не може да навлегува во детали, поради сензитивноста на прашањето.

Во врска со тоа дали има ризик да се загуби довербата, вели оти нема такви индиции.

– Немам такви индиции, но од искуство и поука од тешки процеси, последните метри се најисцрпувачки дури и на психолошки план, треба да останеме фокусирани, во меѓусебна доверба и така да стигнеме до крајот, рече Османи.

Во врска со заклучоците од идниот Самит на ЕУ, каде Македонија очекува старт на преговор, вели дека генерално се позитивни, но напомена дека не се финални.

– Ќе има уште „инпути“, одлуката за преговори се носи директно на Самитот. Но проценката и оценката за состојбата во државата, а мислам дека и моето обраќање беше навремено и им ја пренесов важноста на одлуката која ќе се донесе месецов, ќе биде судбоносна за иднината на државата, ентиузијазмот што го имаме кон институциите на ЕУ, изјави Османи.

Според него, доколку успееме да го затвориме прашањето со името ќе имаме силна платформа да ги убедиме сите за датум за почеток на преговори и оние земји, како Франција и Холандија, кои во моментов не го поддржуваат процесот на проширување.

Додаде дека позициите за Македонија во ЕУ ќе бидат многу потешки ако не се реши името.

Тој во Брисел го презентираше Планот 18, а во интервјуто за МИА вели дека нагласил дека реформите за државата не биле некој ад-хок процес, туку аргументирал оти неколку дена по препораката бил најдинамичниот период за усвојување на реформите.

– Значи дека ние сме посветени за одржлив е неповратлив процес на реформи. Соодветниот чекор после 369 ќе беше отворање на поглавјата 23, 24 меѓутоа за да не ризикуваме да има дупка помеѓу планот 369 и отворањето преговори го лансираме Планот 18, кој ги има истите столбови како 369 – судство, администрацијата, безбедносни служби, нагласи вицепремиерот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.