НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи за ризиците од евентуално неприфаќање на предлогот – бесперспективност, кризи, меѓуетнички тензии

0
By Sashko on July 2, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека францускиот предлог е добар и нѝ отвора пат и нѝ овозможува да го фатиме последниот воз за Европската Унија (ЕУ). Неговото неприфаќање носи ризици за бесперспективност, кризи, меѓуетнички тензии и заглавување во балканската кал.

„Веќе почнаа официјално да се отвораат теми за нови унии, за нова политичка унија. Ако ние сега не почнеме, Албанија ќе почне со преговорите, ние ќе останеме, Бугарија оди на избори. Со таквите анкети најверојатно нема да има влада во наредните година-две, ова прашање ќе заглави во наредните години и години. Тука ние ќе имплудираме од сите можни кризи кои што ќе се појават од немањето на перспектива. Луѓето ќе почнат да решаваат, конечно, да бегаат од овде затоа што имаат семејства кои сè уште се надеваат дека ќе бидат добро, дека ќе има европска перспектива, ги задржуваат децата овде, не земаат странски пасоши. Ако ние кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, ако народот сфати дека нема иднина, верувајте дека илјадници ќе почнат да земаат пасоши од соседството, илјадници ќе донесат одлука да заминат и да ја напуштат државата затоа што нема иднина“, истакна Османи на брифингот со новинарите во МНР. 

Османи смета дека во тој случај кај нас ќе има меѓуетнички тензии, ќе почнат тензии меѓу различните категории граѓани, ќе ја имаме најтешката година оваа зима со енергијата, со храната позади глобалната криза…

„И во услови кога светот е во војна, ние да зборуваме за лажни интерпретации дека некој ќе не бугаризира, кога од нас зависи. Никој не може нас да нè натера да прифатиме нешто, во никоја форма за што било. Мислам дека ќе биде неодговорно и срамно е за вакви прашања да се води пак иста политика за некој да стане министер или стане премиер. Цел политички капитал сме внеле во ова прашање и на сметка апсолутно и на нашите кариери и на нашите политички партии. Но, ова се времиња во кои државници одлучуваат“, истакна Османи. 

Неприфаќањето на овој предлог, според него, значи одбивање на можноста прашањето на македонскиот јазик да се затвори еднаш и засекогаш, одбивањето значи заглавување во балканската кал со сите можни последици овде и губење засекогаш перспективата на ЕУ.

„Така што, јас затоа со сите овие аргументи, не само мои, со експерти од МНР коишто беа дел од овој дел, коишто никогаш не биле партиски ориентирани биле блиски со министри од сите влади, шефови на кабинети од министри на влади на ВМРО, никогаш не сум видел кој, што, каков е. Сите едногласно велат – ова мора да се прифати затоа што ги имаме нашите позиции овде, затоа што ако го одбиеме тогаш ние мора да ставиме црта на нашите европски перспективи засекогаш. А нема овде ризик којшто може да не натера да направиме нешто. И да ја завршам тука реченицата – логиката од страв да не не блокираат да останеме блокирани во наредните децении е патолошка“, потенцира Османи. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025
ФОКУС

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

ВЕСТИ August 16, 2025

„Србија не може да се смири“ е новиот слоган на протестите ширум Србија вечерва. Тие…

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Собрание на Република Северна Македонија: Ништо од изменитене на Изборниот законик за процентот потписи за независни кандидати

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.