НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи-Жоли: Силна поддршка од Канада за европската перспектива на земјава, да се зајакне економската соработка

0
By Ана Василевска on August 30, 2023 ВЕСТИ
Жоли-Османи
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Канада како искрен пријател и партнер ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија во ЕУ, а дава и силна поддршка на активностите во однос на нашето претседавање со ОБСЕ. Канада и Северна Македонија се силни поддржувачи, пријатели и сојузници на Украина, при што врвен приоритет останува војната во оваа земја, беше посочено на денешната заедничка прес-конференција на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Канада, Бујар Османи и Мелани Жоли.

Османи на прес-конференцијата потврди дека со министерката Жоли, која денеска престојува во работна посета на нашата држава, имале продуктивна средба, при шти отвориле важни прашања за нашите билатерални односи. Османи посочи дека Канада силно ја поддржува нашата европска перспектива и останува на ставот дека силните политички релации меѓу земјите треба да бидат проследени со зајакнување на економската соработка и бизнис релациите.

За таа цел, како што рече, на денешната средба иницирана е посета на бизнис делегации од Канада, што би претставувало одлична можност за бизнис одржување и промоција на односите што ги нудиме за странските инвестиции.

-Имаме далеку поголем потенцијал за економска соработка и преземаме обврска во иднина посебно да се посветиме на оваа тема. Со Жоли го поздравивме нашето силно сојузништво во рамки на НАТО Алијансата, истакнувајќи ја поддршката на Украина и солидарноста со украинскиот народ. Заеднички придонесуваме за зајакнување на источното крило на НАТО. Тука би сакал да потенцирам учество на нашите војници во зајакнатот присуство во Латвија, рече Османи.

Тој додаде  дека Канада дава поддршка и во однос на предизвиците и активностите на нашето претседавање со ОБСЕ, а врвен приоритет, како што рече, останува Украина.

-Во однос на нашето претседавање со ОБСЕ, ги афирмиравме заедничките принципи за мир, стабилност и соработка во регионот на ОБСЕ. Врз основа на принципите и вредностите на самата организација, силно ја цениме канадската поддршка за предизвиците и активностите на нашето претседавање со ОБСЕ, при што врвен приоритет останува војната во Украина, но и сите долготрајни конфилкти кои имаат директни последици врз животот на луѓето, рече Османи.

Порача дека Северна Македонија и Канада, иако географски се одалечени, двете земји силно ги поврзува нашата многубројна дијаспора во Канада. Тие се, како што рече, горди жители на една мултиетничка и просперитетна држава, но и горди на своите корени.

Министерката за надворешни работи на Канада, Жоли потсети дека првпат по 25 години канадски министер за надворешни работи доаѓа во посета на нашата земја.

-Можеме да извлечеме придобивки од придонесот на Северна Македонија на масата во НАТО, но исто така и на терен во овој момент во Летонија, имајќи предвид дека Канада ги предводи летонските сили на НАТО таму. Со задоволство соработуваме со војската на Северна Македонија која е стационирана во Летонија. Ова е борбена група која е исклучително важна, рече Жоли.

Таа потенцираше дека Канада и Северна Македонија се силни поддржувачи, пријатели и сојузници на Украина.

-Би сакала да ве пофалам за одговорот на вашата Влада кон војната во Украина. Знам дека инвестиравте многу во поддршката на Украина. Канада го направи истото. По глава на жител дадовме најголема поддршка за Украина во милијарди долари и ќе продолжиме тоа да го правиме заедно, порача Жоли на прес-конференцијата.

Во однос на ОБСЕ, таа појасни дека ОБСЕ е многу важна организација и се заблагодари на Османи за извршување на неговите активности.

-Како што знаете, светот се соочуваше со предизвици во изминатите 18 месеци и оваа моја посета на Словенија, Северна Македонија и Албанија доаѓа во клучен момент низ светот – гледаме закани од авторитарни власти. Канада се обидува да даде помош во спречувањето на војување кое што Путин ја води против Украина и да дадеме помош за храбрите граѓани кои се спротивставуваат на неговиот режим. Знаеме дека споделуваме исти вредности. Тоа се водењето на правото и демократијата и заедно со партнерите кои што ја поставуваат агендата во мултилатералниот систем, рече Жоли.

Северна Македонија, како што посочи, е клучен партнер за Канада и со нетрпение очекува да ги унапредат заедничките цели на двете држави.  Дополнително, појасни Жоли, Канада и Северна Македонија се блиски партнери во западнобалканскиот регион. Таа е на ставот дека Северна Македонија е конструктивен партнер, а на домашно ниво земјите споделуваат клучно верување дека различностите, културните различности се сила и можат да бидат придобивка за зајакнување на меѓусебните односи.

Жоли потенцираше оти цврсто верува дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ.

-Можете да сметате на нашата поддршка. Би сакала да ве охрабрам да ги продолжите вашите напори да пристапите кон ЕУ и Северна Македонија е одлучна и способна, затоа што знаеме дека ниедна земја не може да направи толку многу сама, колку што може да направи заедно со другите, додаде Жоли.

Прашана кога Канада ќе воспостави безвизен режим,  министерката посочи дека како стратешки партнери двете држави може да најдат решенија за различни прашања и оти е тука за натамошно унапредување на односите.

-Сега сме стратешки партнери, со тоа што овозможуваме поблиска соработка и можеме да најдеме различни решенија за различни прашања. Затоа сум тука за да ги унапредиме односите меѓу Канада и Северна Македонија, рече Жоли.

На новинарско прашање дали е можно повторно отворање на Канадска амбасада во Скопје, Османи одговори дека ова би претставувало големо постигнување во односите помеѓу двете држави.

-Знаете дека Канада нè покрива од Белград. Во Белград има одличен амбасадор кој е многу проактивен и многу често е во Скопје. Имаме комуникација, но се разбира дека би било навистина едно големо постигнување во односите помеѓу двете држави доколку Канада би отворила Амбасада во Скопје. Знаете дека ние имаме амбасада во Отава и тоа многу би ја олеснила комуникацијата и односите генерално помеѓу двете држави, рече Османи.

Канада Османи-Жоли
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.