Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој завчера беше пренесен во болница во Германија, ќе преживее, откако беше отруен, изјави Јака Бизиљ, активист и основач на Фондацијата „Кино за мир“.
„Ќе го преживее нападот со труење, но со месеци нема да биде способен за политичка работа“ изјави Бизлиј за „Билд“.
Навални од болницата во сибирскиот град Омск во сабота беше префрлен во Германија, откако лекарите утврдиле дека се наоѓа во доволно стабилна состојба да патува. Рускиот опозиционер и блогер во моментот е во индуцирана кома и сместен е во единица за интензивна нега во болница „Чарите“ во Берлин.