Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Основачот на Викиликс, Асанж ќе ја напушти амбасадата на Еквадор

0
By Нова ТВ on August 18, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж изјави денеска дека наскоро ќе ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон каде што престојува над две години.

Асанж во амбасадата се засолни за да ја избегне екстрадицијата во Шведска под сомневање за сексуално насилство.

Според него, тоа било само изговор на властите во Стокхолм да можат да им го предадат на САД каде го бараат за објавување тајни американски преписки.

Асанж денеска соопшти дека не ја напушта амбасадата поради здравствени причини, за кои пишуваа некои медиуми. Телевизија Скај њуз и други медиуми објавија дека 43-годишниот Асанж има бројни здравствени проблеми, бидејќи две години не излегол на сонце.

43 -годишниот Асанж има недостигот на витамин Д, се жалел на болки во градите, како и на срцева аритмија и висок крвен притисок. Претходно, во затворот Вандсворд, Асанж секој ден имал еден час шетање на свеж воздух, а сега е затворен во четири ѕида, јавуваат медиумите.

„Неговата светла кожа стана провидна, а поради сувиот воздух страда од хронична кашлица. Темните кругови под очите покажуваат дека не спие добро“, изјави новинарката Сара Оливер, која го посети Асанж.

Џулијан Асанж во 2012 година се засолни во зградата на еквадорската амбасада во Лондон, откако ги исцрпе сите правни средства против испорачување во Шведска.

Основачот на Викиликс е соочен со апсење по обвиненија за силувања и сексуално вознемирување во Шведска, каде властите во јули потврдија дека останува во сила налогот за негово апсење.

Асанж тврди дека обвиненијата против него се политички мотивирани и стравува од испорака во САД, каде што е обвинет за објавување доверливи документи на американската политика и дипломатија, како и за документи за војната во Ирак и Авганистан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.