Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Oсновен суд Скопје 1 се изјасни за реакциите по пресудата на Кежаровски

0
By Нова ТВ on October 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 22, 2013 12:26

Основен суд Скопје 1 со соопштение се огласи во врска со вчерашните реакции за пресудата на новинарот Томислав Кежаровски.

„Кој му го дал на новинарот правото по субјективна оценка да го брани јавниот интерес за нешто за кое државните органи кои го штитат јавниот интерес и ги спроведуваат законите воделе постапка?“, се вели во соопштението.

Целото соопштение интегрално:

„Судот со особено внимание го следи развојот на настаните и во текот на вчерашниот ден дадените реакции од новинарските здруженија ЗНМ, МАН, ССНМРМ, ЕФН како и реакцијата ОБСЕ и Специјалниот претставник за слобода на медиумско изразување Дуња Мијатовиќ и почитувајки ги уставно загарантирани демократски права и слободи на граѓаните на Република Македонија со кои се гарантира слободата на уверување, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, слободата на говорот, јавниот настап и јавното информирање ваквите реакции и изразеното незадоволство ги прифаќа секако во контекст на демократските права на слободно изразување.

Судот како директно прозван во вчерашните реакции уште еднаш како повеке пати досега и за време на судската постапка укажуваше и укажува дека судската власт во системот суди единствено врз основа на Уставот и законите на Република Македонија во строго утврдена законска постапка, врз основа на факти и докази кои јавно се презентираат за време на судењето во контрадикторна постапка во која учествуваат и придонесуваат странките во постапката со можност за изнесување на предлози за изведување на докази и целосно утврдување на фактичката состојба на предметот.

Обвинетите во постапката имаат свои бранители – адвокати кои се грижат за законитоста на постапката од формален и материјален аспект.

Одлуките на судот како независна и самостојна судска власт во системот се донесуваат и објавуваат јавно и во име на граѓаните на Република Македонија како што е постапено и со објавената пресуда во конкретниот случај.

Пресудата писмено не е изготвена бидејки за истото треба време и тоа исто така се прави во определени законски рокови, писмено изработената пресуда ќе содржи образложение од кои факти и околности се водел судот при донесувањето на својата одлука.

Пресудата по писменото изготвување и доставување до странките на постапката подлежи на законско право на жалба до повисокиот суд, што значи сеуште не е правосилна, иако веднаш по објавувањето се коментира со што се создава јавно мислење а со тоа индиректно повторно се влијае и врши притисок врз судскиот систем.

Основниот суд Скопје 1 Скопје смета дека се неосновани изјавите на новинарските здруженија дека судот не го осудил само новинарот Кежаровски туку пресудата е вперена против слободата на изразување и слободата на медиумите, изјавата дека Македонија е единствена земја во Југоисточна Европа со осуден новинар со затворска казна заради напишан текст во кој е злоупотребен институтот заштитен сведок и е откриен идентитетот на заштитениот сведок не треба за новинарите да претставува страв за вршење на професијата туку секако да предизвика сериозна загриженост кај новинарската фела за нивото на едуцираност на поедини новинари за законските прописи од аспект на сериозноста на фактите за кои известуваат наспроти во конкретниот случај злоупотребата на новинарското перо во функција на одредени интереси под превезот на јавниот интерес.

Во оваа смисла ги прашуваме новинарите и сите оние што упатија остри реакции на пресудата на судот, дали јавниот интерес за откривање на заштитениот сведок и со тоа рушење на судска постапка претставува поголем јавен интерес од јавниот интерес за откривање на еден криминален акт на кривично дело убиство, кое е мерилото на совеста и етика на фелата за дадените остри реакции кон судот со кое ваквата слобода на говорот е ставена во функција на јавниот интерес и кој му го дал на новинарот правото по субјективна оценка да го брани јавниот интерес за нешто за кое државните органи кои го штитат јавниот интерес и ги спроведуваат законите воделе постапка.

Во конкретниот случај се реагира и се коментираат законито утврдени осуди на казни врз основа на утврдена вина од страна на суд, во постапка во која се осудени повеќе лица, а новинарот е само еден од осудените при што дубиозата на реакциите и коментарите оди дотаму што без да се има и малку познавање за конкретните факти – доказите во постапката и кривичните дела извршени од секој од обвинетите со ваквите реакции се фаворизира фактот дека еден од обвинетите е новинар наспроти тоа што се осудени и адвокати, судии, поранешни судии, обвинител и други лица па изречената казна за новинарот иако е минимална законски пропишана за тоа кривично дело се споредува со другите осудени за кои се наведува дека биле прво или второ обвинети, а кои во конкретниот случај се осудени за други независни кривични дела за што се пропишани други казни во рамките на предвиденото со материјалните закони.

Со реакциите се прави обид во јавноста да се прикаже дека судот применува драконски мерки, а новинарот претставува неука странка кој не бил воопшто свесен за последиците од објавените текстови, иако истиот неспорно е правник по струка и во своите текстови во списанието Репортер кога го објавил идентитетот на заштитениот сведок, детално го обработувал Законот за заштита на сведоци и по содржина и по суштина злоупотребувајки ја притоа дејноста новинар за да се прикаже сега во јавноста дека истиот го штител јавниот интерес наспроти постапка за кривично дело Убиство која се водела пред судските органи во тој момент.

За судот конечно останува посебно нејасна и загрижувачка реакцијата на ОБСЕ дека преголемата казна за Кежаровски е загрижувачки развој кој испраќа јасна порака за цензура на другите новинари, при што нејасно останува како од кои причини и на што судот врши цензура при спроведувањето на законот во една демократска држава.

Со почит, Канцеларија за односи со јавност при Основен суд Скопје 1 Скопје“, стои во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.