Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Основно јавно обвинителство:СЈО не соработува во истрагата за кривичните пријави

0
By Нова ТВ on March 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 2, 2016 14:44

Основното јавно обвинителство денеска реагира на соопштението од Специјалното обвинителство оти тие, како и други институции ја опструираат нивната работа и велат дека за разлика од нив, Специјалното обвинителство не соработува во истрагата за кривичните пријави против тимот на Јанева.

Од Основното обвинителство велат дека не се точни наводите за одбивање на соработката.

„До сега на сите барања доставени од Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите овие две обвинителства постапиле соодветно и навремено.

Сите првично побарани предмети се доставени со севкупната расположлива документација во законски утврден рок за што јавноста беше информирана. Мал дел од дополнително побараните предмети од страна на Основното јавно обвинителство – Скопје се проследени до Советот на јавните обвинители како единствено надлежен орган пред кој Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е одговорно за законито постапување. За оваа постапка СЈО беа писмено известени.

По однос на предметите што Специјалното обвинтиелство ги побара на увид, истото е известено дека во секое време може непречено да изврши увид во просториите на Основното јавно обвинителство – Скопје, се вели во соопштението на Основното обвинителство.

Според нив, овие постапки неспорно укажува дека обвинителствата се отворени за соработка со Специјалното обвинителство и дека нема пречки за остварување на истата во законски утврдени рамки.

„Воедно, Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека по повод поднесените кривични пријави против лицата од Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, до истото упати повеќе покани што согласно Законот за кривична постапка треба да бидат доставени до лицата за кои се наменети.

За сите покани до Основното јавно обвинителство – Скопје е одговорено од страна на Јавниот обвинител што раководи со Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите дека цитираме:

„Во врска со поканата упатена до …, Ве известуваме дека лицето нема да даде исказ во означеното време како што е наведено во поканата. Согласно одредбите од Законот за кривична постапка и чл.10 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите потребно е детално да ме известите за причините за повикување на …. и тогаш ќе биде врачена поканата.“

Сето ова, упатува на заклучок дека Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не соработува и постапува спротивно на законот спречувајќи го расветлување на случаите што се во надлежност на Основното јавно обвинителство – Скопје, а во кои се инволвирани лица од Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Во тој контекст, ја подржуваме иницијативата за воведување на ново кривично дело – Попречување на правдата со цел да се отстранат опструкциите со кои се соочува Основното јавно обвинителство – Скопје во своето постапување, а кои во иднина може да се појават и во надлежно постапување и на другите обвинителства.“ се вели во соопштението од Основното обвинителство.

>СЈО: Подносителот на кривичната пријава ќе треба да ги докаже тврдењата

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 14, 2026

Скопје: Кривичниот суд објави кога на Никола Груевски му застаруваат делата

ВЕСТИ April 14, 2026

Кривичниот суд попладнево во соопштение информираше за тоа кога застарува извршувањето на сите изречени казни…

Филипче: Паѓаат автократите – по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

April 14, 2026

Песков: Русија нема да му честита на Маѓар бидејќи Унгарија е непријател / Маѓар: Ако ми се јави Путин ќе кренам

April 14, 2026

Маѓар и до Груевски да ја заобиколи ИКЕА: Унгарија нема да биде засолниште за криминалци

April 13, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.