Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Остар и заканувачки говор на Груевски: Не учествуваме во прегласување

3
By Сашка Цветковска on December 17, 2016 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Остар, гневен и со доза закани кон странските претставници и невладините организации, но и со суптилни повици за непризнавање на институциите на државата доколку се случи ДПМНЕ да не прави влада, ова накусо се поентите од говорот на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ кој вечерва го одржа пред Државната избоорна комисија. Говорот дојде по седницата на ВМРО-ДПМНЕ на која заседаваше извршниот комитет на партијата по што е донесен овој проглас, како што рече Груевски, кој го прочита истиот пред подджувачите на партијата пред ДИК.

-Државната изборна комисија донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на ДИК се претвори во пародија. Имаме информации за вмешување на некои странски претставници со цел влијание на некои од членовите на комисијата, а во правец на постизборен инжинеринг и фалсификуање на народната волја во Македонија. Некои од независните претставници не се независни. Некои од незаконските одлуки на ДИК може да ги отфрли Управниот суд. Повикуваме да не се врши притисок врз Управниот суд од никого. Доколку и Судот ги потврди одлуките на ДИК и со тоа се фалсификува волјата на народот, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да ги учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од прегласуањето.

-Аболицираниот криминалец нема да дозволиме да формира влада со фалсификувана волја. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционерање на институции кои го немаат легитимитот на граѓаните на РМ.

-Некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешните работи на земјата. Но  некои амбасадори мора да престанат да го прават тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешно политички работи на земјата и бараме да останат во рамките на својот мандат

ВМРО-ДПМНЕ го напушта форматот на преговори со други политички партии во којшто учествуваат претставници на други држави. Во иднина нема да прифаќаме нестанандардни или хибридн решенија во било кој сектоор доколку истите ги нема во другите држави. ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи редефинирање на државата.

-Ќе се бориме за десоросоизација на РМ и јакнење на граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се прифати кон регулирање на работата на фондациите и невладините организации. ВМРО-ДПМНЕ и сега и во иднина била и ќе биде прозападно ориентирана партија, наша вредност се НАТО, САД и Европската Унија, рече Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.